Падна договор меѓу СОНК и МОН: Платите ќе се покачат за 15%
По средбата на МОН и СОНК министерот за образование и наука, Јетон Шаќири информираше дека заедно со СОНК ги прифатиле предлозите на медијаторот МТСП во однос на сите отворени теми и причините за штрајкот.
-Повисоки плати во образование ќе има, се договоривме за покачување на платите на сите вработени во образование од 15%, почнувајќи од септемвриската плата. Тоа е во согласно со буџетските можности. Нема да има кратење за времето кога се штрајкуваше. Најдовме целосно разбирање и ќе се исплатат целосни плати за април. Ги допрецизиравме работите и околу колективните договори, рече Шаќири после денешната средба со претседателот на СОНК, Јаким Неделков.
-Исто така ви се извинувам и ви благодарам на вас новинарите кои бевте трпеливи во периодов кога се очекуваше да завршат преговорите со СОНК, потенцира Шаќири.
Ново на Сител
-
ВО ЖИВО: Одобрена екстрадицијата на Палевски
-
ВО ЖИВО: Распределбата на спортски ваучери ќе седне на обвинителна клупа 12 лица
-
Скопјанец со тешки повреди заврши на КАРИЛ по пад во отворена шахта
-
Сите имаат услови за владина коалиција
-
Ковачевски со критики за ДУИ
-
И ДУИ и Вреди со завршни митинзи во Тетово во понеделник
-
Кампања за парламентарни избори
-
Осигурителните компании не ги поевтинија полисите