Овие навики во вашето секојдневие ќе ви ја подобрат состојбата на коските
Додавање на лиснат зеленчук во менито, одржување на здрава тежина, откажување од пушење цигари се само некои навики кои ни помагаат да го подобриме здравјето на коските. Погледнете уште 9 навики кои имаат позитивно влијание врз нив.
Трчај. Не само што трчањето ќе ни помогне даодржуваме нормлана тежина, туку тоа е и тренинг со висок интензитет што ја подобрува состојбата на коските и коскеното ткиво.
Вежбајте. Вежбањето ќе ги поддржи вашите мускули, но исто така ќе има корисен ефект врз здравјето на коскениот систем.
Јадете повеќе јаткасти плодови. Бадемите, оревите, лешниците се добри извори на магнезиум, минерал кој ја подобрува структурата на коските и помага во апсорпцијата на калциум од страна на телото.
Внесувајте доволно витамин Д. Важно е вашето тело подобро да го апсорбира калциумот. Додадете повеќе риба во вашето мени. Богата е со витамин Д и омега-3, кои се важни за коските.
Намалете ги газираните пијалоци. Според некои студии, шеќерот во овие пијалоци, како и другите нездрави состојки што ги содржат, можат да влијаат на нивото на калциум на организмот.
Јадете избалансирано. Ако сакате да ги одржувате коските здрави, јадете сè повеќе свежо овошје и зеленчук, интегрални житарки, ореви, млечни производи и морска храна. Тие можат да го подобрат коскеното ткиво, но исто така ќе ви обезбедат фосфор, витамин К, витамин Б6 и Б12 и магнезиум.
Бидете внимателни со строги диети. Вие не треба да ја потценувате вашата исхрана, дури и кога се обидувате да намалите тежина. Диетата, исклучувајќи важни групи на храна, влијае на коскеното ткиво, синтезата на хормоните и особено естрогенот, што е неопходно за здравјето на коскениот систем.
Додадете корисни билки и зачини во вашето мени, како оригано, лук, бибер и друго што можат да ви помогнат да ја намалите количината на сол што ја ставате во садовите. Можете да видите повеќе здрави замени за сол. Храната богата со сол влијае на способноста на организмот да задржи калциум. На крај, но не и најмалку важно, бидете внимателни со потрошувачката на солени и преработени јадења, како што се зачинети ореви, чипови, закуски, колбаси.
Јадете повеќе маслинки и маслиново масло. Тие го зајакнуваат здравјето на коските. Добро е што маслинките не се маринираат така што немаат многу сол.
Ново на Сител
-
МВР: Кривична пријава против поранешен градоначалник на скопска општина
-
Што и како помага психотерапијата | Елена Џебр | Личен развој | Sitel Podcast 031
-
Повреден малолетник, истепан со дрвени и метални предмети од други малолетници
-
Кривична против тројца скопјани за „убиство во обид“ и „соизвршителство“
-
54-годишна скопјанка пронајдена почината
-
ДИК не го прифати приговорот за гласањето во Липково
-
Рендевски и Алексовски автори на поглавје во книгата „Двете страни глутаматот“
-
Пронајдена граната во близина на камп во Гевгелија