Оваа кукла за венчаници крие тајна од која ќе ве полазат морници
Веќе 85 години луѓето масовно го посетуваат бутикот за венчаници поради мистериозната кукла во излогот.
Бутик во Мексико, под име „Ла Популар“, луѓето повеќе го посетуваат поради оваа кукла отколку поради венчаниците кои тука се продаваат. Според локалното население куклата е всушност балсамиран леш на ќерката на првата сопственичка на продавницата Паскал Еспренаса. Куклата за прв пат се појавила во 1930 година и ги шокирала жителите кои и дале прекар Ла Паскалита (Малечката Паскал, по името на нејзината мајка).
Во истиот момент, луѓето се посомневале дека во прашање е ќерката на сопственичката поради неверојатната сличност, а и фактот дека неодамна починала. Есперанса ги негирала дека ја балсамирала ќерката но никој не и верувал.
Причината поради која сите верувале дека куклата е всушност ќерката на Есперанса била тоа што девојката починала за време на својата прва брачна ноќ откако ја каснал пајакот црна вдовица.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Ивица Боцевски
-
„Шопен под отворено небо“ во Градскиот парк
-
ДИК ги усвои конечните резултати: Гордана Силјановска Давкова е новата претседателка на Македонија
-
ВМРО-ДПМНЕ ги почна преговорите со коалицијата „ВРЕДИ“
-
Состанок на Европскиот фронт на ДУИ
-
ДИК во понеделник ќе ги разгледува приговорите за парламентарните избори
-
Мицотакис бара почитување на Преспанскиот договор
-
Тројца министри за здравство стануваат пратеници