-->
-->
Ова се места на кои никако не смеете да го носите вашиот телефонот!
-->
Иако е дизајниран за да го сместиме во џеб, тоа никако не е најсигурното место каде сакате да го носите вашиот паметен телефон. Новото истражување покажало дека носењето на телефонот во близина на кожата ја зголемува количината на зрачење која влијае на вашето тело.
Докторката Девра Дејвис започнала со истражување откако го забележила новиот тренд кај жените кои телефонот го носат во својот градник. Притоа се повикала на случај во кој на млада девојка и е дијагностициран рак на дојка во обллик на мобилен.
Додека ги презентирала резултатите од своето истражување во Австралија, докторката Дејвис на присутните им го прочитала упатството за користење на Ајфон 4, кое е напишано со мали букви.
Упатството јасно вели на корисниците да не го држат или носат телефонот полиску од 15 милиметри до телото.
Ова тврдење го потврдил и докторот Јосеф Меркол кој вели дека паметните телефони ја зголемуваат температурата на местото каде што тој се држи или носи додека не се користи.
"Без разлика колку блиску до телото го носите телефонот, изложени сте на зрачење. Притоа треба да знаете како различни делови на телото се изложени на различен степен зрачење, некои помалку, некои повеќе," рекол Мерлок и додал:
"Истражување објавено во 2009 година потврдува дека носењето на мобилниот во близина на колкот ја ослабнува карлицата."
Исто така истражувањата покажале дека зрачењето може да ја оштети и ДНК-та и да влијае на плодноста кај мажите. Поради тоа мажите не би требало телефонот да го носат во предниот џеб.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Течат роковите за приговори
-
Почнуваат преговорите, три до четири министерства за ВРЕДИ во новата Влада
-
Грција во исчекување на позициите на ВМРО-ДПМНЕ за Преспанскиот договор
-
ДУИ чека преговори за Влада - Џафери одбива да говори за опозиција
-
Полицијата го пронајде виновникот за пожарот на мостот Беласица: 37 годишникот е веќе во затвор
-
Мерка на претпазливост, редовно јавување во суд за обвинетите за распределба на спортски ваучери
-
Џунглата во дворот на Владата ги скара Џафери и Арсовска
-
Не запира одливот на медицински сестри од јавното здравство