Отворена понуда од Груевски до Заев: Суди го раководството, ВМРО ќе ти ја поддржи Владата, само откажи се од албанската платформа!
Ќе поддржиме малцинска влада, доколку СДСМ се откаже од Законот за јазици, платформата и редефинирањето и урнисувањето на државата, му порача вечерва лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски на првиот човек на СДСМ, Зоран Заев.
-Ако албанските партии ја донесат СДСМ на власт, ние сме подготвени да ја поддржуваме како малцинска влада со нашите пратеници доколку се откаже од Законот за јазиците, платформата од Тирана и редефинирањето и урнисувањето на државата, напиша Груевски на својот ФБ профил.ж
Ако толку по секоја цена сака Заев да биде премиер, додава Груевски, нека не удира по државните и националните интереси.
-Нека ја спроведува програмата од изборите без редефинирањето. Нека удри и по нас, ама не по државата и нејзините темели. Еве јас доброволно ќе прифатам ако тоа му е услов на Заев да ме уапсат, затворат и малтретираат, а ВМРО-ДПМНЕ да го поддржува како малцинска влада колку време сака до наредните избори кои заедно би ги договориле, нека удри по мене, само нека се откаже од удирање по темелите на државата заради желбата да е на власт. Ова нека го сфати како јавна понуда, напиша Груевски.
Ново на Сител
-
Се запали казино во Охрид | ВИДЕО
-
Мицкоски: Скандалозно е вицепремиер да бара од компании да гласаат за СДСМ бидејќи добиле државна помош
-
Кошаркарот од Ѓорче кој ветува промени | Владо Мисајловски | Неформално | Sitel Podcast 033
-
Се дистрибуира доверливиот избирачки материјал од битолската печатница до општинските изборни комисии
-
Ограбена спортска обложувалница на Бит Пазар
-
Повеќе од 30 украински медиумски работници се наоѓаат во руско заробеништво
-
Приведени две лица во Куманово - еден за употреба, друг за продавање дрога
-
Сопружници завршиле во притвор поради меѓусебна пресметка