Македонија
26. March 2019 - 13:40

Осудениот крадец на ќебапи избегал од „Идризово“

Велешанецот Петре Караманов, кој беше осуден на три години затвор за кражба на ќебапи, избегал од затворот во „Идризово“, пренесува „Независен“.

Според информациите, него му останале уште неколку години за да ја одлежи казната.

Според официјалните податоци од Управата за извршување на санкции, Караманов издржувал казна затвор во затворот во „Идризово“ за разбојништво и тешка кражба, за што бил осуден на шест години и еден месец затворска казна, што значи Караманов бил осуден и за други кражби и разбојништва, а не само за ќебапите.

Последно во затвор влегол на 2 декември 2014 година, но на 4 април 2017 година го пуштиле на домашно отсуство и не се вратил повеќе. Според информациите од затворот во Шутка, Караманов бил таму во притвор за разбојништва во 2002 и 2014 година, додека во 2010 година пет месеци бил во затвор за кражба на моторно возило.