Османи во Њујорк на 78-то Генерално собрание на ОН
Министерот за надворешни работи Бујар Османи, од утре ќе учествува на неделата на висок сегмент на 78-то Генерално собрание на Обединетите нации, во Њујорк, каде во својство на министер за надворешни работи, но и како претседавач со ОБСЕ, А5 и ПСЈИЕ ќе земе учество на повеќе важни настани.
-Оваа посета се реализира во историски момент за Северна Македонија, кога земјата во исто време претседава со три различни процеси кои се од големо национално значење: ОБСЕ, САД - Јадранската повелба (А5) и Процесот за соработка во Југоисточна Европа – ПСЈИЕ, на кои претседавач е министерот Османи. Во таа насока, Османи ќе предводи важни средби со земјите од А5 САД-Јадранската повелба, земјите членки на ПСЈИЕ, ОБСЕ Тројката, и повеќе билатерални состаноци со министрите за надворешни работи на повеќе земји. Воедно ќе учествува и на низа други настани на високо ниво организирани од страна на ОН, соопшти МНР.
Делегацијата на годинашниот висок сегмент на Генералното собрание е предводена од претседателот Стево Пендаровски, а Генералната дебата се одржува на тема „Обнова на довербата и повторно враќање на глобалната солидарност: Забрзување на акцијата за Агендата 2030 и нејзините цели за одржлив развој кон мир, просперитет, напредок и одржливост за сите“.
Ново на Сител
-
Со мотор излетале од пат, тешко повредени двајца малолетници
-
Ѓоковиќ избори четвртфинале против Зверев на Ролан Гарос
-
Енергетските компании нема да побараат зголемување на цената на струјата
-
Русија предлага делумен прекин на огнот од два-три дена
-
Се трага по две девојчиња на возраст од 13 и 14 години кои излегле од дома и не се вратиле
-
Мицкоски: Очекувањата се позитивни, по средбите на Муцунски во Вашингтон
-
Двајца браќа се обиделе да разделат тепачка пред теретана во Чаир - завршиле со убодни рани
-
Повредени двајца малолетници од битолско откако со мотоцикл излетале од патот