Османи во Брисел на средби во НАТО и ЕУ
Министерот за надворешни работи на Северна Македонија и претседавач со ОБСЕ Бујар Османи денеска и утре е во работна посета на Брисел каде што ќе има средби со високиот претставник за надворешна и безбедносна политика и потпретседател на Европската Комисија, Жозеп Борел, како и со заменикот на генералниот секретар на НАТО, Мирчеа Џоана.
Покрај презентацијата на програмата на ОБСЕ, на средбите во Европската Унија ќе бидат разменети мислења и за можностите за продлабочување на соработката со ОБСЕ, пред сѐ со Европската Комисија и институциите на ЕУ, со посебен фокус кон улогата и работата на теренските мисии на Организацијата во поширокиот регион на Југоисточна Европа, соопшти МНР.
Во рамките на посетата на НАТО, Османи ќе учествува на посебна тематска сесија на Северно-атлантскиот совет (САС) на НАТО, на која ќе бидат разменети видувањата за актуелните безбедносни предизвици и улогата на ОБСЕ во одржувањето на стабилноста и безбедноста на Континентот.
Покрај Борел и Џоана, Османи ќе има средби и со специјалниот пратеник на ЕУ за Западен Балкан – Мирослав Лајчак и со еврокомесарот за кризен менаџмен Јанез Ленарчиќ.
Ново на Сител
-
Иран: Третата рунда американско-ирански преговори ќе се одржи задутре во Мускат
-
Следува период на нестабилно време со дожд и грмежи
-
Нема подолги задржувања на граничните премини
-
Трамп: Се надевам дека Русија и Украина оваа недела ќе постигнат договор
-
Европски Куп на ЕХФ: Алкалоид го совлада Рунар во првиот полуфинален натпревар
-
МВР со детали за сообраќајката кај Зелениково
-
Тешко повреден 14-годишен мотоциклист во Велес
-
Студентите во блокада остануваат пред РТС до исполнување на нивните барања, за власта тоа е незаконски начин