Македонија
5. December 2019 - 15:40

Османи пред Венецијанската комисија го образложува владиниот став по препораките за Законот за јазиците

Вицепремиерот Бујар Османи денеска на сесија пред Венецијанската комисија ќе го претстави ставот на Владата дека Законот за употреба на јазиците е автентична рефлексија на Рамковниот договор, но и на потребата за создавање Европска мултиетничка и функционална држава.

Ова Османи го напиша претпладнево на Фејсбук пред заминувањето.

-На пат за Венеција, на сесија на Венецијанската комисија каде ќе се оценува Законот за употреба на јазиците. Во име на Владата ќе го претставам ставот дека законот е автентична рефлексија на Рамковниот Договор но и на потребата за создавање Европска мултиетничка и функционална држава, наведува Османи.