Османи: Писмено ќе гарантираме дека немаме терититоријални претензии
Спремни сме да допрезицизираме одредени работи од Договорот за добрососедство, пријателство и соработка со Бугарија. Работни групи од македонското и бугарското МНР на дневна основа разговараат за отворените прашања, изјави министерот за надворешни работи Бујар Османи, потенцирајќи дека тоа е договорено при средбата со неговата бугарска колешка Захариева во Софија. Едно од прашањата се однесува и на краткото име на државава, кое може да биде протолкувано и дека предизвикува територијални претензии. Токму затоа спремни сме, вели Османи, да дадеме писмени гаранции дека тоа не е случај. Шефот на дипломатијата е оптимист дека Македонија ќе ги почне преговорите во декември, истовремено охрабрувајќи ги историчарите да најдат решение за спорните прашања.
Горан Симоновски
Ново на Сител
-
Тема на денот со Алберт Муслиу, политички аналитичар
-
Препорака до осигурителните компании - утре да ги вратат старите цени на полисите
-
За прв пат формирано национално студентско тело: Што во пракса ќе им овозможи на македонските студенти?
-
Партиите испорачуваат барања на ВМРО-ДПМНЕ за владина коалиција
-
Парламентарни избори
-
Претседателски избори
-
ВО ЖИВО: Цени за осигурување на возила
-
Вработените во Фондот за здравство утре на протест