Османи – Лирман: Германија останува стратешки партнер за нашите европски интеграции
Министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска се сретна со министерката за Европа и клима при Министерството за надворешни работи на Германија, Ана Лирман.
– Посетата доаѓа многу брзо по нејзиното преземање на оваа функција во новата германска влада предводена од канцеларот, Олаф Шолц и само еден ден по изгласувањето на новата влада во нашата земја, чија определба останува иста – евроатлантски континуитет со приоритет на европските интеграции како стратешки интерес на Македонија, соопшти Министерството за надворешни работи.
На состанокот, како што посочуваат, се разговарало за политиката на проширување како важна алатка на надворешното дејствување на ЕУ и евроинтегративното досие на земјата како клучно за кредибилитетот на Унијата, при што била реафирмирана цврстата германска поддршка за европската интеграција на Македонија.
– Македонија докажа дека силно го застапува европскиот наратив на вредности и е стабилен партнер на европската сцена што придонесува за добросостојбата на регионот. Почетокот на пристапните преговори ќе претставува валоризација на досега сработеното, што во голема мера е постигнато и со поддршка на Германија, чија надворешна политика принципиелно ги застапува и вреднува нашите европски аспирации во овој процес, истакна Османи.
Министерката Лирман го поздравила напредокот на земјата и нагласила дека земјата заслужува почеток на пристапните преговори и посочила дека ќе даде силна поддршка кон остварување на оваа заедничка стратешка цел.
– Односите и соработката меѓу Република Македонија и Сојузна Република Германија ги карактеризира интензивен политички дијалог и значајна динамика на соработка во сите области. Германија е клучен политички и економски партнер на нашата земја, како и значаен партнер во процесот на европските интеграции на Република Македонија. Германија подолг период е најголем трговски партнер на нашата земја. Преку разни регионални проекти за ЕУ, Германија дава поддршка на нашите напори во исполнувањето на препораките на ЕУ и неопходните реформи од европската агенда, се вели во соопштението на МНР.
Ново на Сител
-
Да не беше Киан ќе се изгубев себеси | Антониа Гиговска | ПРОфесија | Sitel Podcast 037
-
Грчките медиуми за изјавата на Мицкоски: Нова провокација од Северна Македонија
-
Зеленски: На Украина и се потребни системи „Патриот“ за заштитата на Харков
-
Коалицијата „Европски фронт“ поднесе седум тужби против решенија на ДИК на Парламентарните избори 2024
-
Град Скопје: Дезинсекцијата во Скопје се реализира согласно можноста и временските услови
-
Коалицијата „Вреди“ ја повлече тужбата по одлуката на ДИК за ИМ 0511
-
Две лица тешко ранети, а уште четири полесно во напад со нож во Швајцарија
-
Словачка не воведува вонредна состојба поради атентатот врз премиерот