Организирано собирање смет во радовишкото село Ињево
Јавното комунално претпријатие „Плаваја“ од Радовиш почна со организирано собирање и депонирање на комуналниот отпад од радовишкото село Ињево.
Проектот стартуваше со поставување 10 контејнери на повеќе локации и спроведување на еколошка акција за расчистување на неколку диви депонии од атарот на селото.
– Акцијата ја преземаме за подигање на еколошката свеста кај граѓаните, заедно со јавното комунално претпријатие и месната заедница од селото. Планираме да организираме вакви еколошки акции и во останатите населени места во Општината и затоа апелирам до сите месни заедници да се пријават, а јас како градоначалник заедно со Советот ќе се потрудиме успешно да ги спроведеме, изјави градоначалникот на Радовиш, Герасим Конзулов.
Еколошката акција се реализираше во соработка со месната заедница на селото Ињево со цел да се подигне еколошката свест кај населението.
Ново на Сител
-
Двојно убиство во Стајковци - си ги убил братот и снаата
-
Специјализантите и натаму бараат плата
-
Тема на денот со Илина Мангова, ИРИ
-
Двојно убиство во Стајковци
-
ДИК прифати 7 приговори, прегласување на 22 мај
-
Работните групи за владина коалиција на ВМРО-ДПМНЕ и Вреди стартуваат со работа
-
Нови реакции за говорот на Силјановска од европските земји и Грција
-
Анкета на ИРИ: Македонците сакаат во ЕУ, но не веруваат дека Унијата ќе ги отвори вратите