Орце Ѓорѓиевски кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Скопје
Орце Ѓорѓиевски е предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за кандидат за градоначлник на Град Скопје. Ваква одлука вчера донесе Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ по седницата одржана рано попладнето.
Покрај Георгиевски, поддршка за нов мандат добија уште неколку актуелни градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ, меѓу кои и првиот човек на скопска Гази Баба, Бобан Стефковски.
Ново име на политичката сцена е Сотир Лукровски кого ВМРО-ДПМНЕ го предложи за кандидат за градоначалник на Карпош.
Партискиот лидер вчера во изјава за медиумите рече дека се уште траат разговорите со ЗНАМ но одат во насока дека ќе падне договор за поддршка на Максим Димитриевски во Куманово и простор за директен дуел ЗНАМ – СДСМ во скопски Центар. Партиски извори за Сител потврдија дека се разгледува и можноста ЗНАМ да добие празен простор во уште една помала општина каде би имале кандидат кој би ја добил и поддршката на ВМРО-ДПМНЕ. Истовремено, веќе е договорено и двете партии да одат со посебни советнички листи.
Кандидати промовира и СДСМ. Лидерот Филипче минатата недела промовираше десетина нови имиња но меѓу нив не се најде градоначлникот на Струмица Костадин Костадинов за кој се уште не се знае дали во изборната трка ќе влезе како независен кандидат.
Ново на Сител
-
Нетанјаху изјави дека граничниот премин Рафа ќе остане затворен до натамошно известување
-
Танкер натоварен со течен природен гас гори покрај брегот на Јемен, соопшти поморската мисија на ЕУ „Аспидес“
-
Граничниот премин Рафа во Газа повторно ќе биде отворен на 20 октомври, соопшти Палестинската амбасада во Египет
-
„Луфтханза“ разгледува евентуално укинување на 100 домашни летови поради високите даноци и аеродромските такси во Германија
-
Десетици илјади евакуирани на Филипините поради приближувањето на ураганот „Феншен“
-
До 15:30 часот гласале 5 385 болни или немоќни лица и 810 кои издржуваат казна затвор или притвор
-
Приведен 22-годишник, со телефон фотографирал девојка додека се туширала во студентски дом
-
Приведени три лица од Прилеп за извршување на тешка кражба на накит | ФОТО