-->
-->
Општина Бутел ќе донира компјутери за ученици од социјално ранливи семејства
-->
Градоначалникот на Општина Бутел Велимир Смилевски денеска во сите основни училишта ќе донира компјутери, за учениците чии родители не можат да си дозволат да им ги купат, со цел да се надмине проблемот со следењето на онлајн наставата воведена со избивањето на корона епидемијата.
Од Општина Бутел информираат дека ќе бидат поделени 45 компјутери од кои 13 се донирани исправни стари комјутери во рамките на акцијата „Донирај го својот стар компјутер“, 10 се нови донирани компјутери од Град Скопје, а 22 се лична донација на градоначалникот Смилевски.
Воедно ќе бидат поделени и пакети со храна за социјално загрозените семејства.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
ЦУК: Жителите на Куманово да не ја пијат водата од ЈП „Водовод“
-
Одбележување на денот на семејството, НТЦ семинар со д-р Ранко Рајовиќ
-
Избирачкото место 1272 во Охрид отворено навреме, гласањето се одвива непречено
-
ЦУК: Поплавувања и штети од невремето на објекти, земјоделски површини, патишта и автомобили
-
Прегласувањето во Струга почна навреме, процесот тече непречено
-
Се прегласува во село Ларце, Општина Желино, процесот се одвива без проблеми
-
Најмногу дожд во Велес 20 литри на квадрат
-
Доналд Трамп најави правни мерки против автори на филм за неговиот живот