„Ол-Стар“: Диало го прескокна Шекил О`Нил и го освои натпреварот во забивање
Ноќва во Шарлот се одржа еден од најочекуваните турнири за време на „Ол-Стар“ викендот – натпреварот во забивање.
Изненадувачки победник стана Хамиду Диало од Оклахома Сити, а на конкурсот се вклучија Мајлс Бриџес од Шарлот, Денис Смит од Њујорк, како и Џон Колинс од Атланта.
Диало доби поддршка и од клубскиот колега, Расел Вестбрук при едно од забивањата, а исто така покажа танцувачки вештини по одличните забивања.
Денис Смит започна лошо и не успеа во првите четири обиди, но во петтиот се справи совршено и имаше одлично забивање. За својата изведба, тој доби 45 поени.
Диало сепак го имаше забивањето на вечерта, откако го прескокна Шекил О`Нил и заби со пола рака во кошот, за што тој доби и максимална оценка од 50 поени.
Дваесет-годишниот Тејтум ја освои титулата со успешен удар од центарот на теренот.
Во натпреварот за најдобар „тројкаш“, изненадувачки победник стана Џо Харис од Бруклин, а ѕвездата Стеф Кари не успеа да се наметне над ривалите.
Во конкурсот учествува уште Крис Мидлтон од Милвоки, Кемба Вокер од Шарлот, Дирк Новицки од Далас, Дани Грин од Торонто, Девин Букер од Феникс, Бади Хилд од Сакраменто, Демијан Лилард и Сет Кари од Портланд.
Вечерва во 02:00 часот по полноќ, ќе се одигра главниот настан – Натпреварот на ѕвездите, во кој екипите на Леброн Џејмс и Јанис Адетокумбо ќе излезат едни против други.
Ново на Сител
-
Трудо: Ќе бидеме со Украина, колку што е потребно, со сè што е потребно
-
Најави за зголемување на расходите за одбраната и повторно вооружување на Европа
-
Македонските каратистки балкански првенки во кати
-
„Блу гоуст“ слета на Месечината
-
Стармер: На Самитот во Лондон договорени четири клучни чекори
-
Маската „Танц на ангелите“ најдoбрa на Прилепскиот карневал
-
Приведени двајца охриѓани, при претрес на возилото пронашле дрога
-
Стармер: Мировен исход за Украина би бил клучен и за стабилноста на Европа