Околу 5.000 годишни даночни пријави поднесени во УЈП Струмица
Околу 5.000 годишни даночни пријави се поднесени до денеска во Регионалниот центар на Управата за јавни приходи во Струмица. Оттаму велат дека тоа се 30% од пријавите кои очекуваат да ги добијат заклучно со 15 март кога истекува законскиот рок. Надлежните апелираат граѓаните да ги искористат деновите за да ги пријават приходите до даночното одделение.
- Сакаме да посочиме дека во даночната пријава влегуваат и приходи остварени преку игрите на среќа - поединечно над 5.000 денари, од интернет или е-трговија, дојави на типови за спортски натпревари како и лични примања од странство, вели Зуле Ахтарова, самостоен даночен советник.
Доколку граѓаните не ја исполнат оваа законска обврска, или нецелносно ги пријават приходите, следуваат парични казни од 100 до 200 евра во денарска противвредност. За сите оние кои досега не поднеле пријава вратите на даночното одделние во Струмица се отворени секој работен ден од 8:30 до 18 часот и сабота од 8:30 до 14 часот.
УЈП Струмица лани изрекло глоби од 100 евра за неподнесени аконтативни пријави што треба да ги издаваат дуќаните по основ на приходи од имот, додека немало изречени глоби по основ на годишни даночни пријави.
Минатата година, УЈП Струмица издала 18.180 решенија по основ на Годишна даночна пријава на граѓаните од општините Струмица, Босилово, Василево и Ново Село.
Ново на Сител
-
Путин: Курск е целосно ослободен
-
Зеленски и Трамп ќе имаат уште една средба во Рим
-
Кривична пријава против три лица од Гевгелија осомничени за криумчарење мигранти
-
На ГП „Блато" приведен 20-годишен албански државјанин баран од Интерпол Норвешка
-
Косовец на ГП Долно Блаце пробал да подмити полицаец со банкнота од 10 евра
-
Потврди за неосудуваност достапни на порталот uslugi.gov.mk, најавени нови е-услуги за граѓаните
-
ЈО: Дејствија по увидот на лице место по вчерашната оружена престрелка на Бит Пазар
-
Уапсен кичевчанец, возел со 2,04 промили алкохол во крвта