ОЈО поведе постапка против три лица за трговија со дрога
Основното јавно обвинителство Тетово поведе постапка против три лица, двајца скопјани и еден државјанин на Република Бугарија за кои постои основано сомнение дека како соизвршители го сториле кривичното дело – Неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од член 215 став 1 во врска со член 22 од Кривичниот законик.
-Осомничените на 4 мај 2021 година околу 21:00 часот неовластено заради продажба пренесувале наркотична дрога марихуана со нето маса од 9.417 грама. Осомничените биле во патничко моторно возило „Мерцедес“ со германски регистарски ознаки , заедно со други засега непознати лица кои ги следеле со кампер – комби „Форд“, исто така со германски регистарски ознаки. Откако пристигнале на претходно договорено место, застанале со возилата. Од фордот излегле две засега непознати лица и исфрлиле покрај патот 5 – 6 црни најлонски вреќи со наркотичната дрога, се вели во соопштението.
Во насока на непречено одвивање на кривичната постапка, јавен обвинител од тетовското обвинителство до надлежниот суд доставил предлог за определување на мерката притвор за секој од осомничените. Предлогот е прифатен од судијата на претходна постапка кој со Решение на осомничените им определи притвор во траење од по 30 дена.
Ново на Сител
-
Благодатниот оган и оваа година од Ерусалим ќе пристигне во Грција
-
Зеленски: Русија во април употреби 300 ракети, 300 дронови и 3.200 касетни бомби во нападите врз Украина
-
ДСЗИ најави забрана на Клиниката за токсикологија за здравствени работници без договори за вработување
-
Во рамки на акцијата „Темпули“ полицијата во Тирана уапси 20 лица и заплени кокаин, хероин и канабис
-
Приведени 14 државјани на Србија кои измамиле германски државјани за милион евра
-
Зголемен бројот на работници во индустријата
-
78-годишен тетовчанец тешко повреден во сообраќајка
-
Утре и задутре локални врнежи, во недела стабилно и потопло