ОЈО: Истражна постапка против 16 лица за „Којот“, одреден притвор за тројца
Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција Скопје во предметот Којот донесе Наредба со која се спроведува истражна постапка против 16 лица.
-Истражната постапка се води поради постоење на основано сомнение дека сториле кривични дела Организирање на група и поттикнување на извршување на делата трговија со луѓе трговија со малолетно лице и криумчарење на мигранти од чл.418-в ст.1, Разбојништво од чл.237 ст.4 в.в. со ст.1, Неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори од чл.215 ст.3 в.в. со ст.1 и Недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи од чл.396 ст.2 в.в. со ст.1 и в.в. со чл.22 од Кривичниот законик, информираат од Основното јавно обвинителство.
Осомничените подолг временски период како група на организиран начин вршела прифаќање и превоз на мигранти низ територијата на Република Македонија од Република Грција кон Република Србија.
При тоа врз мигрантите има извршено и разбојништва на начин што припадници на групата ги пресретнувале мигрантите и лажно им се претставувале како припадници на македонската полиција при што со употреба на сила им ги одземала паричните средства, мобилните телефони и други подвижни предмети.
-Постои основи на сомневање дека истата група го сторила и разбојништвото на 08.02.2016 г. во Велес кога од возило на Агенцијата Перпетум мобиле се одземени 4.000.000 денари, како и дека на организиран начин вршеле недозволена трговија со наркотични дроги и недозволено држеле оружје. Во акцијата е пронајдено дел од оружјето – автоматски пушки, пиштоли и бомби, се вели во соопштението од Обвинителството.
Во рамките на истрагата Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција побара од надлежниот судија да се определи мерка притвор против 9 лица.
До овој момент постапката е завршена против 3 лица и им е определна мерка притвор во траење од по 30 дена, а за останатите постапката е во тек.
Ново на Сител
-
Шеснаесет минути молк и ѕвездено небо во Скопје во спомен на жртвите од трагедијата во Кочани
-
Простување од Иле, возачот на Итна помош
-
„Лекувај ги сите со рацете, но и со душата. Тоа е она што го правеше најдобро“: Кочани тагува по својата Стефи
-
Трамп и Путин се согласија војната во Украина да заврши со „траен мир“
-
Тошковски: Извршени се претреси во Министерство за економија, управителот и одговорното лице на „Пулс“ и Општина Кочани
-
Мајка на едногодишно девојче меѓу жртвите во пожарот во Кочани
-
Се враќал да извлече повеќе млади но се срушил кровот, Георги зад себе остава двомесечно дете
-
Тошковски: Темелна контрола на објекти со лиценца, но и на оние објекти кои се користат како дискотеки и клубови