Мајка на едногодишно девојче меѓу жртвите во пожарот во Кочани
Моника Спасова, мајка на едногодишно девојче, загинала во пожарот што избувна во неделата во кочанската дискотека. Моника е, за жал, една од 59-те невини жртви.
Нејзиното семејство, откако слушнало за трагедијата во ноќниот клуб, ја барало по сите болници. Нејзината фотографија ја објавија на социјалните мрежи со молба граѓаните да ги контактираат доколку имаат информации за неа. Апелот бил споделен со молскавична брзина на профилите на пријатели, познаници и други корисници на социјалните мрежи кои сакале да помогнат во апелот. Меѓутоа, во еден момент стигна најмрачната вест дека Спасова е една од жртвите.
„Мајкино око оти ми побегана. Не можам да живеам без тебе. Мајкино око кој ќе гушнам место тебе? Мајкино око, душата ми е распарчена“, напиша неутешната мајка на Моника. Спасова зад себе ги остави ќерката, сопругот, родителите, како и брат и сестра.
Според објавите на социјалните мрежи, Моника дипломирала на криминалистичката академија во јануари минатата година.
-Нашата убава Мони. Животот не е фер. Нека почива во мир. Чувајте се сите, треба да ги преживееме овие тешки денови, гласи една од бројните коментари под објавата.
Како што може да се види на профилот на неутешната жена, пред еден месец приредиле голема забава за роденденот на ќерката на Моника.
Ново на Сител
-
Руски пливач исчезна при препливување на Босфор
-
Трамп: Америка ќе ја поддржи Украина, сакам таа војна да заврши
-
Истрага против 13 лица за даночно затајување, даночна измама и перење пари
-
ФФМ изрече казни за физичкиот напад во Штип
-
ОЈО бара притвор за таткото на играч на „Шкупи“ што физички нападна двајца младински фудбалери на „Брегалница“
-
Приведен 51-годишник од Охрид, испраќал недолични пораки и фотографии на 17-годишна девојка
-
На ГП „Табановце“ се чека 30 минути
-
Приведени пет дилери од скопје кај кои била пронајдена бела прашкаста материја и марихуана