Македонија
9. August 2024 - 12:22

Охрид во пик на сезоната

Охриѓани најмногу реагираат на гласната музика и отпадот.

Гласната музика и секако отпадот кој од страна на посетителите се расфрла насекаде низ градот и оваа сезона еден од проблемите на кој најчесто реагираат охриѓани. Нарушување на јавниот ред и мир од несовесни граѓани започнува со музика во раните утрински часови и која ги тероризира околните жители се до доцна во ноќта,а отпад може да се види насекаде службите со полни раце работа максимално ангажирани 24 часа со сите свои технички и човечки ресурси.

Од ЈП Охридски Комуналец посочуваат дека најголем проблем  создаваат групите од млади луѓе кои се забавуваат на просторите каде се одржуваат концертите, мини-плоштади, дворови од образовни институции, на тревниците во градскиот парк.

Со оглед на тоа дека градот е полн со гости едно е сигурно Охрид ќе биде раздвижен и гласен и во наредните денови во кои следат концертите а и со зголемена динамика за одржување на јавната чистота и зеленило.