Ограничувањето на јаглеродните емисии, подготовките на јунскиот Самит на ЕУ и владеењето на правото главни теми на ГАК
Заедничкиот пристап кон Регулативата за Механизмот за прилагодување на јаглеродните ограничување (ЦБAM), подготовките на Европскиот совет закажан за 26 и 27 следниот месец и годишниот дијалог за владеење на правото во неколку земји членки ќе бидат главни теми на денешното заседание на Советот за општи работи на ЕУ (ГАК).
Состанокот на министрите и државите секретари за европски прашања на земјите членки на ЕУ ќе започне со дискусија за усогласување на заеднички пристап кон Регулативата за Механизмот за прилагодување на јаглеродните ограничување (ЦБAM).
Целта е договор меѓу земјите членки на ЕУ за поедноставување и зајакнување на Регулативата за Механизмот ЦБAM, која е дел од т.н. пакет за поедноставување „Омнибус I“ предложен од Европската Комисијата.
Во продолжение членовите на ГАК ќе започнат со подготовки за Самиот на ЕУ закажан за 26 и 27 јуни со дискусија за утврдување на предлог-дневниот ред на средбата на шефовите на држави или влади на земјите членки.
ГАК ќе продолжи и со расправите во рамки на годишниот дијалог за владеење на правото во земјите членки на ЕУ, овој пат фокусирајќи се на состојбата околу оваа прашање во Белгија, Словачка, Финска и Шведска.
Дијалогот се базира на извештајот на Европската комисија за владеењето на правото во 2024 година, со кој првпат освен членките на ЕУ беа опфатени и државите кандидати за членство во Унијата, меѓу кои и земјава.
Министрите ќе го одржат осмото сослушување за Унгарија како дел од постапката што против земјата ја покрена Европскиот парламент од септември 2018 година поради.
Станува збор за мислење на Европарламентот во кое се наведува дека „врз основа на член 7 став 1 од Договорот за ЕУ е утврдено оти постои јасен ризик од сериозно кршење на вредностите врз кои се базира Унијата“ од страна на Унгарија.
За крај одново ќе се наврати на предлогот на Шпанија за прогласување на каталонскиот, баскискиот и галицискиот јазик за службени јазици во рамки на ЕУ.
Шпанија уште за време на нејзиното претседавање со Советот на ЕУ во втората половина на 2023 година иницираше предлог за вклучување на каталонскиот, баскискиот и галицискиот јазик во Регулативата за јазичниот режим на ЕУ, но досега на беше обезбеден консензус за негово усвојување.
Ново на Сител
-
ИК на ВМРО-ДПМНЕ вечерва дискутира за предлог-кандидатите за градоначалници за локалните избори
-
Мицкоски: Македонија во силно сојузништво со Обединетото Кралство, промените се случуваат
-
Платини го брани Мбапе: Не го терајте да игра како Меси
-
Започнува продажбата на билети за Македонија - Белгија
-
Јунајтед исвиркан во Куала Лумпур, Аморим вели тоа може да биде корисно
-
Николоски по ратификацијата на договорот: Ќе ја направиме Македонија подобро место за живеење
-
Трамп вели дека го предупредил Нетанјаху да не го напаѓа Иран
-
Малолетник приведен за пет тешки кражби