Ограбувал жени среде Скопје - полицијата го уапси крадецот
Основното јавно обвинителство Скопје поднесе обвинителен предлог против едно лице за сторени четири дела – тешки кражби од Кривичниот законик.
-Обвинетиот на 18 ноември на автобуската станица на Зелен пазар во Скопје на дрзок начин од една оштетена одзел златен ланец во вредност од 25.000 денари, така што се доближил до неа и и го скинал од вратот. Потоа на 28 ноември на Камен мост од увото на една оштетена со рака скинал златна обетка вредна 15.000 денари, на 1 декември во близина на хотелот „Арка“ на ист начин одзел златна обетка вредна 6.000 денари, а на 3 декември кај Зелен пазар од увото на една оштетена скинал обетка вредна 10.000 денари, соопшти Јавното обвинителство.
Надлежниот јавен обвинител до Основниот кривичен суд Скопје доставил и предлог за продолжување на претходно определената мерка притвор за обвинетиот.
Ново на Сител
-
Последни подготовки за утрешните двојни избори
-
Како тече гласањето во затворот Идризово?
-
Во Прилеп зголемен интерес за гласање кај болните и изнемоштени лица
-
Три лица повредени во тешка сообраќајна несреќа во скопско Влае, едно од возилата преполовено
-
Преглед на вестите од светот
-
Завршен митинг на СДСМ
-
Завршен митинг на СДСМ
-
Завршен митинг на ВМРО-ДПМНЕ