Македонија
18. August 2024 - 17:26

Огнени балони нова алатка за македонските пиромани

Остатоци од т.н. огнен балон падналe во бавча на приватна куќа меѓу селата Бистрица и Олевани, под планината баба во Битола.

Совесноста на сопственикот спречила поголем пожар. Случајот се уште не е пријавен во полиција. 

Ова пак, видео од социјалните мрежи се појави вчера за наводен огнен балон во демирхисарско Вирово. Повеќе мештани биле очевидци и настанот го пријавиле во полиција. 

„Во плициска станица Демир Хисар било пријавено дека на околу 20 метри над продавницата во село Вирово, демирхисарско, бил забележан балон со дијаметар од околу еден метар на кој имало инсталирано направа од која под притисок дувал оган за движење на балонот. Кога жителите се обиделе да го соборат, балонот се кренал повисоко и заминал кон шумата над селото. Полициски службеници излегле на местото и бил извршен разговор со повеќе лица – сведоци на настанот. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, стои во информацијата од МВР.

Професорот Дејан Трајковски од техничкиот факултет Битола под видеата од огнените балони објаснува дека се раbоти за опасна направа, која чесно може да се направи во домашни услови. 

„ Можат да прелетаат и неколку километри. Имаат вата (памук) натопен со алкохол што гори и го загрева воздухот во балонот. За поголем домет можат да имаат и мал горилник на гас“, пишува професорот.

И деканот на Шумарскиот факултет Никола Николов чија специјалност се токму шумските пожари вели дека најчеста причина за огнена стохија на планините е намерно потпалување.

Според евиденцијата на МВР изминатиов месец има поднесено околу 30 кривични пријави за приомани што предизвикале поголеми пожари што беснеат низ државата. Во акцијата „Пожар 2024“ приведени се повеќе лица од Скопје, Свети Николе, Велес, Радовиш, Струмица, Прилеп, Mакедонски Брод... дел се осомничени за предивикување на општа опаснос, а дел за предизвикување шумски пожар.