Одложена седницата на Комисијата за труд и социјална политика

Седницата на собраниската Комисија за труд и социјална политика, која беше закажана за денеска напладне, беше одложена, а присутните членови на Комисијата беа информирани дека за новиот термин ќе бидат дополнително известени.
На дневен ред на Комисијата за труд и социјална политика е Предлог - законот за изменување и дополнување на Законот за пензиското и инвалидското осигурување.
Со измените и дополнувањата се предлага во категорија на осигуреници да се опфати и физичкo лицe коe е регистриранo како вршител на самостојна дејност за трговија на мало на тезги и пазари, запишан во регистарот на Комората на трговци на Македонија.
Со ова, како што вели предлагачот, се врши усогласување со Законот за трговија на зелени пазари. Во овој закон содржани се одредби кои се однесуваат на прием во задолжително социјално осигурување на „Трговец на зелени пазари“ и тоа опфаќа невработено физичко лице што врши трговија на мало на тезги и пазари, физички лица кои се занимаваат со земјоделска дејност, трговци поединци.
Исто така, за категоријата на осигуреници кои работат на работни места на кои стажот на осигурување се смета со зголемено траење им се овозможува намалувањето на старосната граница за остварување право на старосна пензија да се врши пропорционално на времето поминато на работа со бенефициран стаж.
За категоријата осигуреници кои работат на работни места на кои ефективно поминати 12 месеци стаж на осигурување се смета како стаж на осигурување со зголемено траење на работни места и работи кои се изведуваат под земја им се овозможува да остварат право на старосна пензија и со навршување на 40 години пензиски стаж (маж), односно 35 години пензиски стаж (жена).
Во Собранието на Република Македонија денеска се одржува и седница на Комисијата за уставни прашања на која на дневен ред е Предлогот за пристапување на измени на Уставот во согласност со договорот од Преспа.
Ново на Сител
-

За десет месеци албанската полиција уништила над 200 илјади стебла марихуана
-

Казахстан ремизираше со Белгија, македонската репрезентација има теоретски шанси за директен пласман на СП
-

Support Kocani ја реализира четвртата пратка компресивна облека
-

Собраниската комисиска расправа за Предлог-буџетот продолжува в понеделник
-

Судството во 2025 г. имало за 6 милиони евра поголеми плати, тие бараат уште плус 22 милиони евра повеќе
-

На две различни локации во водите на Охридско езеро пронајдени се четири неексплодирани експлозивни направи
-

Продолжуваат ноќните меѓусебни напади помеѓу Украина и Русија
-

55-годишник при извршување земјоделски работи во Нов Дојран пронашол три експлозивни направи
