Одбележана годишнината од раѓањето на претседателот Борис Трајковски
Со полагање цвеќе и пригодна програма пред споменикот „Македонија“, подигнат во чест на трагично загинатиот претседател Борис Трајковски, денеска беше одбележана 66 годишнината од неговото раѓање.
Цвеќе положија градоначалникот на Струмица Костадин Костадинов заедно со претставници на Советот на општината, членови на семејството Трајковски, граѓани, политички партии и здруженија.
– Да не се случеше злокобната авионска несреќа на 26 февруари 2004 година, денеска Трајковски ќе го прославеше својот 66 роденден. За жал, чествувајќи го неговото име и дело, веќе цели 18 години овој ден го одбележуваме ние-неговите сограѓани, кажувајќи му на светов и веков дека за претседателот Трајковски заборав не смее да има. Напротив, постојано го оживуваме неговиот светол лик, затоа што тој заслужи да го споменуваме со сите негови белези на човек и политичар, а истовремено тие спомени да ги пренесуваме на сегашните млади генерации, но и на оние кои доаѓаат по нив, рече во својот говор градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов.
Вториот претседател на Република Македонија, Борис Трајковски, е роден на 25 јуни 1956 во селото Моноспитово. Тој е близнак со брат му Александар и е трето дете во семејството.
Ново на Сител
-
Во Скопје се одржа шестата Парада на гордоста
-
Сиљановска-Давкова прими Американци кои се на аџилак во земјава
-
На Табановце од македонска страна се чека околу 30 минути
-
Бугарија има јасен план за воведување на еврото од 1 јануари 2026 година, соопшти бугарската Влада
-
ОЈО: Скопјанец осомничен за семејно насилство, предложен притвор
-
При претрес на началник во полициската станица пронајден солзавец и муниција
-
Две лица на возраст од 52 и 77 години пронајдени починати во своите станови во Скопје
-
Голем пожар во Хрватска меѓу Омиш и Макарска