Од утре сообраќајот од Гостивар кон населбите во подножјето на Сува Гора ќе се одвива по споредни правци
Сообраќајот по патот што води од порашениот Жито Шар во близина на железничката пруга кон населбите и селата во подножјето на Сува Гора од утре ќе биде во целосен прекин. Заради изведуавње на градежни работи, тој ќе се одввиа по алтернативни правци.
Од Општината информираат дека прекинот се планира за утре од 8 часот, а работите ќе се изведуваат во соработка со ЈП „Македонски железници“.
– Планирано е целосно блокирање на сообраќајот поради градежни интервенции на преминот на железничка пруга на регионалниот пат Гостивар-Чајле. Затоа ги молиме граѓаните за тоа време да користат алтернативни улици и да имаат трпение и разбирање до завршување на работите, наведуваат од службата за информирање, на општина Гостивар
Поволните временски услови оваа есен, локалната самоуправа ги искористи за реконструкција на неколку поважни сообраќајници низ градот. Пред некој ден започна реконструкцијата на дел од улицата „Седек Костоски“ во близина на некогашниот „Жито Шар“. Таму за два дена се асфалтираа 300 метри од улицата широка 12 метри. За да се избегнат подолги застоји во сообраќајот, планот за работа превидува етапно изведуавње на работите и повремено затварање на некои улици.
Ново на Сител
-
Почна комисиската расправа за Предлог-законот за реорганизација на органите на државната управа
-
Турски државјани натепале скопјанец на Бит Пазар
-
В недела предвремени парламентарни избори во Бугарија
-
ИЈЗ: Три случаи на конго-кримска хеморагична треска, еден случај на морбили
-
ЦУК: Турист од Холандија удрил во камен во Охридско Езеро, пренесен во болница
-
Во текот на 2023 година во земјава се родиле 14 деца од мајки помали од 15 години
-
Столтенберг: Украина има право да напаѓа цели во Русија
-
Вучиќ: За мене изборите завршија, ќе има многу важни одлуки на Сесрпскиот собор