Од почетокот на туристичката сезона, во Грција регистрирани 1.238 случаи на Ковид-19 кај посетители
Од 530.698 направени тестови на над четири милиони посетители на Грција, кои преку копнените граници, авионски или со брод пристигнале во Грција во периодот од 1 јули до 20 септември 2020 година, регистрирани се 1.238 позитивни случаи, а први на листата со најголем број новозаразени посетители се државјаните на Албанија, јави дописничката на МИА од Атина.
Согласно официјалните податоци од Секретаријатот за цивилна заштита на Грција, најголемиот број позитивни случаи на коронавирусот, 886, се по тестовите направени на аеродромите, 324 се на копнените граници, а 28 на пристаништата.
Од позитивните случаи, 175 се државјани на Албанија, 138 на Франција, 106 на Бугарија, 93 на Романија и 80 српски државјани.
Од почетокот на епидемијата, заклучно со вчера, во Грција се направени вкупно 1.221.017 тестови, потврдени се 15.928 позитивни случаи, а починаа 352 лица.
Ново на Сител
-
ДСЗИ изврши надзор на Токсикологија, склучените договори за работа се со потпис на еден директор
-
ДИК: Излезноста до 13 часот е 25,48 проценти, поголема во однос на 8 мај
-
Умерен земјотрес во Романија
-
Говор на омрза врз срцето со македонско знаме и букви на натписот Гостивар
-
Просечната нето плата во март 40 496 денари
-
Милевски го објави списокот за натпреварите против Хрватска и Чешка
-
Спречен влез на 1,7 тони медикаменти штетни по здравјето на граѓаните
-
Кина најави санкции за американски одбранбени компании