-->
-->
Од кога марихуана се пакува во ПВЦ прозорци, голема акција на полицијата и царината
-->
Одделот за крим полиција–Секторот за недозволена трговија со дрога во заедничка акција со Царинската управа на Република Македонија, реализира случај на недозволена трговија со марихуана.
На декември минатата година, во царински склад, од страна на Царинската управа е извршен преглед на товарно возило марка „Сканиа“ со скопски регистарски ознаки, управувано од лицето А.С од Скопје, при што во внатрешноста на пластични прозорски рамки биле пронајдени околу 67 килограми наркотична дрога марихуана.
Со акцијата е пресечен меѓународен канал на недозволена трговија со марихуана на релација Косово - Македонија со крајна дестинација Швајцарија. Од страна на Одделот за криминалистичко-технички испитувања и вештачења при Министерството за внатрешни работи извршено е вештачење при што утврдено е дека 29 пластични прозори биле исполнети со пресувана марихуана, со просечна нето маса од два килограми. Запленетата наркотична дрога на нарко пазарот би достигнала цена од околу 300.000 евра.
По преземени мерки и активности утврдено било дека возилото било пријавено за транзит низ Македонија и дека марихуаната била натоварена во Косово, со крајна дестинација Швајцарија.
Во врска со овој случај разменети се информации со косовската служба за борба против дрога, по што од нивна страна, по преземени мерки и активности, е поднесена кривична пријава за недозволена трговија со дрога против три
лица.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Гордана Сиљановска Давкова и официјално претседател на државата, ДИК објави конечност на изборните резултати
-
Партијата на пензионери ја честита изборната победа на Коалицијата „Твоја Македонија“
-
ДИК треба да објави конечност на резултатите од претседателските избори и потоа да достави извештај до Собранието
-
ЕК: Србија и Косово ризикуваат да ги пропуштат средствата од Планот за раст поради недостиг од дијалог
-
Белата куќа „загрижена“ за Рафа, но се уште не гледа „голема“ израелска операција
-
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено
-
Променливо облачно и потопло со сончеви периоди
-
ВМРО-ДПМНЕ демантира дека разговара за ресори и поделба на власта со „Вреди“