Обвинителствата од Западен Балкан и Јужна Америка ја зајакнуваат соработката за справување со организирани криминални групи
Јавната обвинителка за врски со Европравда Ленче Ристовска учествува на конференција на јавни обвинители од Западен Балкан и Јужна Америка што се одржува во главниот град на Перу, Лима.
На состанокот на тема „Вмрежување за резултати: Зајакнување на прекуграничната соработка меѓу јавните обвинители од Западен Балкан и Јужна Америка во областа на организираниот криминал“ се преземаат сериозни чекори во насока на зајакнување на заедничките активности за сузбивање на меѓународните криминални мрежи, соопшти денеска Јавното обвинителство.
На настанот, кој заеднички го организираат Проектот на Европравда за кривична правда на Западен Балкан и ЕЛ ПАКТО 2.0, се одржуваат дискусии за трендот и структурата на криминалитетот, стратегиите за негово сузбивање, експертски презентации за растечките закани, тркалезни маси за законските и оперативните предизвици, но и билатерални состаноци за промоција на директна соработка меѓу државите и за размена на искуства во конкретни предмети.
Претставничката на Јавното обвинителство на Република Северна Македонија, Ристовска, како што соопшти Обвинителството, одржала билатерални состаноци со колегите од Перу, Чиле, Панама, Колумбија, Аргентина, Бразил и Боливија, на кои се разговарало и за склучување на меморандуми за соработка кои треба да овозможат спонтана размена на информации и реализација на меѓународна правна помош со овие земји на побрз и поефикасен начин. На состаноците биле разменети искуства за борбата против кривичните дела од трговија на наркотици, но и за поврзани дела како трговија со луѓе, оружје, перење пари и слично.
-Она што ја прави особено витална соработката меѓу земјите од Јужна Америка и Западен Балкан е единствената поврзаност меѓу овие два региона. И покрај нашата географска оддалеченост, и Јужна Америка и Западен Балкан се соочуваат со слични предизвици: историја на конфликти, политичка нестабилност, економски диспаритет, присуство на корупција и вкоренување на организирани криминални мрежи кои напредуваат во услови на таква ранливост. Токму поради овие споделени искуства соработката меѓу нашите региони не е само пожелна – таа е суштинска, истакнала Ристовска на панелот каде имала излагање во однос на потребата од градење на мостови на соработка меѓу обвинителствата од овие два региони и во однос на улогата на обвинителите за врски во Европравда во обезбедување на меѓународната соработка.
Ново на Сител
-
Али: Локализиран пожарот над Лојане, селото целосно заштитено
-
Влеговме во Гинис и направивме реално шоу како се гради стартап | Сања Митровска | Sitel Podcast 109
-
На „Табановце се чека околу 40 минути за излез од државата
-
Поради пожарот во „Јасен“, затворен регионалниот пат Македонски Брод - Скопје
-
Полицијата ја спаси жената што се фрли во водите на реката Вардар
-
Коенигсег Џеско го победи Римак и си го врати рекордот за брзина за хиперавтомобили
-
Светот беше на чекор до победа над детската парализа, сега се заканува нејзино враќање
-
Германскиот канцелар Мерц ги поздрави напорите на Трамп за крај на војната во Украина