-->
-->
Обвинение против едно лице за производство и промет на дрога
-->
Против едно лице со двојно косовско и француско државјанство скопското Јавно обвинителство поднесе обвинителен акт за неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, а поради опасност од бегство продолжена му е мерката притвор.
– Лицето беше задржано на 14-ти овој месец при излез од Република Македонија на Аеродромот Скопје, откако при царинска проверка кај него беа пронајдени околу 2,9 килограми наркотична дрога – марихуана. Дрогата ја пронашле царинските службеници, во црна торба која осомничениот ја пријавил како багаж и тоа спакувана во три одделни пакувања, соопшти Јавното обвинителство.
Надлежниот јавен обвинител, заедно со обвинителниот акт, до Основниот суд Скопје 1 достави и предлог за продолжување на мерката притвор за осомниченото лице, со оглед на тоа што се уште постојат причините заради кои оваа мерка беше првично определена, односно постои опасност од бегство на лицето доколку се брани од слобода.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Поднесени 18 приговори до ДИК, роковите течат
-
Течат роковите за приговори
-
Тема на денот со Васко Наумовски
-
Полицијата го пронајде виновникот за пожарот на мостот „Беласица“: 37-годишникот е веќе во затвор
-
Се гради помалку, но 5 пати поскапо од лани
-
Течат роковите за приговори
-
Почнуваат преговорите, три до четири министерства за ВРЕДИ во новата Влада
-
Грција во исчекување на позициите на ВМРО-ДПМНЕ за Преспанскиот договор