Свет
24. August 2017 - 10:29

ОБСЕ: Интерпол треба внимателно да ги испита барањата на Турција за апсење на новинари

Меѓународната полициска организација Интерпол треба внимателно да ги разгледува турските барања за апсење на новинари, изјави претставникот на Организацијата за безбендост и соработка во  Европа (ОБСЕ) за прашањата на слободата на медиумите, Арлем Дезир, пренесе ТАСС.

Интерпол треба детално да го разгледа секој случај во кој учествуваат новинари, кои активно се вовлечени во јавната расправа околу Турција, пред да донесе одлука за какви и да било натамошни активности.

„Оделни држави не треба да го злоупотребуваат Интерпол за да ја задушуваат слободата на печатот“, се наведува во изјавата на Дезир, лиферувана од прес службата на ОБСЕ.

По овој повод, Дезир ја поздрави одлуката на Интерпол за укинување на таканаречената црвена потерница по германскиот писател од турско потекло, Доган Акханли, која го дозволуваше неговото проведување.

Писателот Доган Акханли во саботата утрината беше уапсен во Шпанија, откако на барање на Турција Интерпол имаше потерница за негово приведување. Писателот веќе во неделата беше условно ослободен, по протестната нота од Берлин, иако забрането му е да го напушта Мадрид и секоја недела треба да се јавува во полиција.

Акханли од 1991 година  живее во Германија и има германски пасош. Турските власти го обвиниле дека во 1984 година учествувал во вооружен грабеж, за кој се претпоставува дека е поврзан со нелегална левоекстремистичка група, а во кој едно лице било убиено.

Во 1998 година Турција му го одзела државјанството на Акханли, а во во 2013 година издала меѓународна потерница за негово апсење.

Акханли овие обвиненија ги оцени како политички мотивирани. Тој е автор на книги за ерменскиот геноцид.