Објавен оглас за втората фаза од пругата Бељаковци – Крива Паланка
На веб-страницата на ЕБРД www.ebrd.com/work-with-us/
Се работи за изградба на втората делница Бељаковци – Крива Паланка од железничкиот Коридор 8 кон Бугарија со вкупна должина на главни колосеци од 34 километри и 5,5 километри станични колосеци. Се предвидува на оваа делница да има две железнички станици во Кратово и Гиновци и три стојалишта во Шопско Рударе, Крилатице и Псача.
- Фирмата „Обермаер“ од Австрија го изработи главниот проект со кој се предвидени земјени работи од околу 1.260.000 метри кубни, колосеци во должина од 39,5 километри, 29 моста со должина од 4,6 километри, 6 надвозника, 3 подвозника, 15 тунели со вкупна должина од 3,5 километри, 130 пропуста, 33 потпорни ѕидови, 10 перони, пристапни патишта во должина од 10,2 километри. и друго. Целата делница ќе биде опремена со најсовремени телекомуникациски и сигнални врски со што безбедноста во сообраќајот би била на највисоко ниво. Се очекува фирмата која ќе ја добие изградбата на оваа делница да ја изврши работата за 40 месеци, инофрмира ЈП МЖ Инфраструктура.
Оттаму посочуваат дека финансиските средства за изградбата се обезбедени како кредит од ЕБРД во висина од 145 милиони евра.
- Доколку работите за избор на најповолен понудувач за изградба се одвива согласно предвидениот план почетокот на изградбата на оваа делница би била пред крајот на оваа година, велат од МЖ Инфраструктура.
Ново на Сител
-
Кумановка измамена за 6.000 денари за набавка на огревни дрва
-
Во центарот на Куманово откриен мурал со ликот на Бобан Трајковски кој беше убиен пред 23 години кај Вејце
-
Приложил патна исправа на негов другар, Албанец уапсен на Табановце
-
Краделе велосипеди во Аеродром, приведени двајца крадци од Србија
-
Бајден за Трамп: Се натпреварувам против „шестгодишно дете“
-
Избоден млад кавадарчанец
-
Оштетиле повеќе предмети и украле пари, уапсени двајца кавадарчани
-
СПМ: Срамни се обидите на СДСМ да ги убедат граѓаните дека грешеле во првиот круг