Обилните врнежи ги поплавија кочанските села Облешево, Горни и Долни Подлог
Обилните врнежи од дожд во текот на ноќта и претпладнево во Кочанско предизвикаа излевање на одводните канали и на атмосферската и фекалната канализација, поради што и се поплавени дел од градските населби и селата во рамничарскиот дел од општината.
Најкритична е состојбата во селата Горни и Долни Подлог каде водата навлезе во дворовите и домовите, а направи голема штета на складираното жито и сточната храна во амбарите, како и на градинарските посеви.
-Нашето село скоро половина е под вода, а главна причина за тоа е човечкиот фактор. Одводните канали во селото никој не ги чисти, а жителите дополнително во нив исфрлаат шут и друг отпад, поради што тие воопшто не се функционални. Ваква катастрофа немало одамна и целиот род во градината ми е уништен, а огромна штета имам и во домот. Во надојдената вода ми се удавија две свињи и неколку прасиња, целата живина и десетина зајаци, истакна Стојан Ѓоргиев од Горни Подлог.
Еден час по полноќ на терен излегла градежна механизација од комуналното претпријатие „Водовод“ и почнала со расчистување на каналите, но состојбата остана со поплавените села остана непроменета и во текот на претпладнето.
– Освен работници и механизација од комуналното претпријатие, на помош ангажиравме и градежни машини од приватни фирми кои се вклучија во чистењето на каналите. Имаше извесен успех во истекувањето на водата од селата, но во меѓувреме беше пробиен голем канал во месноста Слатина кај Кочани, поради што дојде до повторно излевање и поплавување на Горни и долни Подлог. Во меѓувреме, како итна интервенција за да овозможиме брзо истекување на водата го пресековме патот кон селото Мојанцик, поради што жителите од ова населено место во моментот останаа отсечени. Со чистење на каналите продолжуваме и понатаму и доколку намалат врнежите очекуваме постепено повлекување на водата, истакна Николчо Илијев, градоначалник на Кочани.
Поплавени куќи и дворови има и во соседната општина Чешиново-Облешево, а најголеми штети има во општинскиот центар, како и во селата Чифлик и Уларци.
Освен во селата, поројните врнежи предизвикаа оштетување на дел од градската водоводна мрежа во Кочани, поради што неколку часа без вода за пиење останаа жителите на северниот дел од градот, како и од населбата Бели.
Ново на Сител
-
Две лица тешко ранети, а уште четири полесно во напад со нож во Швајцарија
-
Словачка не воведува вонредна состојба поради атентатот врз премиерот
-
Малолетник претепан од три лица во Гази Баба
-
Малолетници фрлиле во височина соученик во тетовско училиште
-
Данска испраќа нов пакет воена помош за Украина во вредност од 750 милиони евра
-
Демири: Ако го суспендирав директорот на Токсикологија пред избори, ќе го сфатевте како политичка кампања
-
Јавна расправа на Управниот суд за тужбата од Коалицијата „Вреди“
-
Тошковски - Давкова: Ќе градиме општество во кое основен принцип ќе биде владеење на правото