О Нил: Македонија од почетокот се соочува со непријателство од соседите
Република Македонија беше единствениот дел од поранешна Југославија кој се движеше кон независност сосема мирно. Тоа беше големо достигнување во време кога Македонија се наоѓаше под голем притисок од поголемите соседи, изјави британскиот амбасадор и прв медијатор во спорот околу името Робин О Нил за Програмата Гласот на народот.
- Првпат кога дојдов да ја запознаам Македонија во 1992 година, јас, исто така, бев длабоко импресиониран од чувствата за национално единство и на напорите и од власта и од албанската заедница да се работи на систем во кој јазикот на албанската заедница беше признат и му се даде свој израз. Жалам поради тоа што 25 години подоцна, по толку многу што е постигнато во Македонија, оваа национална солидарност сега е доведена во прашање, додава британскиот амасадор.
Медијаторот О Нил се осврнува и на односот на соседните држави кон Македонија.
- Република Македонија уште од самиот почеток се соочува со непријателство од соседните држави, како и со долгата и бесмислена кампања од страна на Грција за да се спротивстави на употребата од страна на Македонија на нејзиното име, дециден е О Нил.
Според него, националното единство е од суштинско значење за успешната иднина на Република Македонија како просперитетна и независна држава, па дури, вели, и за нејзиниот опстанок.
- Сите нејзини граѓани треба да работат заедно како заедница во која културната разновидност може да напредува во рамките на Македонија и да се почитуваат националните институции врз основа на единство, и тоа јасно да се стави до знаење на остатокот од светот, потенцира во интервјуто Робин О Нил.
Ново на Сител
-
Две лица од Неготино криумчареле седум мигранти, меѓу кои пет малолетници
-
Последни седум дена од изборната кампања, партиите со ветувања за подобар живот на граѓаните
-
Израелската влада го одобри договорот со Хамас
-
Седумгодишно дете загина во руски напади во областа Запорожје
-
Без вода дел од корисниците на булеварите „Илинден“ и „ВМРО“
-
Дуел со Белгија за првото место во групата
-
САД преместуваат 200 војници во Израел за да го чуваат мирот
-
Уште денеска пријавување на немоќни и болни лица за гласање на локалните избори