Новогодишни пакетчиња за децата со посебни потреби во Берово
Градоначалникот на општина Пехчево Игор Поповски денеска додели 20 пакетчиња на децата со посебни потреби од Дневниот центар и Домот за деца без родители во Берово. Како што истакна Поповски при посетата на Дневниот центар, ова е традиционална предновогодишна посета на овој центар кој има регионален карактер и згрижува лица со посебни потреби од општините Берово и Пехчево.
- На овие деца сакаме да им измамиме насмевка и да почувствуваат дека се дел од нас и ние не ги забораваме. Продолжуваме со нашата традиционална активност и преку овие скромни подароци општина Пехчево сака да биде дел од радоста на овие деца по повод новогодишните и божиќните празници. Мојата желба за новата 2017 година е Господ да им дава многу здравје, медицината да напредне и да открие лекови за тие деца, истакна градоначалникот Поповски.
Пехчево, годинава ќе подари и 140 пакетчиња на децата од детската градинка во Пехчево. Новогодишните пакетчиња ќе бидат збогатени и со играчки кои се донација од семејството Видински од Пехчево кои традиционално донираат за децата од Пехчево играчки за склопување.
Ново на Сител
-
Приведен тинејџер, полицијата кај него пронашла дрога
-
Поевтинуваат дизелот и Еуросупер БС 98
-
Судскиот совет го одложи утврдувањето на кандидатски листи за избор на двајца членови на Советот
-
Од среда променливо облачно и посвежо со повремен дожд
-
Вработените во Фондот за здравство утре ќе протестираат
-
Србинка барана по Интерпол уапсена на аеродромот во Скопје
-
Утревечер седница на Советот за безбедност на ОН за Босна и Херцеговина по барање на Русија
-
За брзо возење 286 санкции на територија на цела држава