Новиот Луна парк во Скопје ќе се протега на 24.000 метри квадратни и ќе чини 6,5 милиони евра
Град Скопје информира дека новиот Луна парк ќе се протега на околу 24.000 метри квадратни, а вкупната проценета вредност за изградба, набавката на реквизити и нивното монтирање ќе изнесува околу 400 милиони денари или околу 6,5 милиони евра.
Главниот забавен дел на паркот ќе има два адреналински реквизита, шест семејни и 18 детски реквизити. Во паркот ќе има разни видови лулашки, вртелешки, тобогани и сличен вид на забавно-рекреативни содржини.
Во Луна паркот во отворениот дел ќе има влезна партија со билетарница, продавница за сувенири, ресторани, канцеларии за администрација, тоалети и гардероби за вработените, како и затворен мултинаменски објект со облик на школка.
Целиот простор во Луна паркот ќе биде партерно и хортикултурно уреден и ќе биде поставена урбана опрема во согласност со темите кои ги прикажува забавниот парк.
- Со овие постапки, скопјани конечно ќе добијат нов, модерен забавен парк со нова опрема и реквизити, кој не е обновен од неговата изградба во 1973 година, соопшти Град Скопје.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Ивица Боцевски
-
„Шопен под отворено небо“ во Градскиот парк
-
ДИК ги усвои конечните резултати: Гордана Силјановска Давкова е новата претседателка на Македонија
-
ВМРО-ДПМНЕ ги почна преговорите со коалицијата „ВРЕДИ“
-
Состанок на Европскиот фронт на ДУИ
-
ДИК во понеделник ќе ги разгледува приговорите за парламентарните избори
-
Мицотакис бара почитување на Преспанскиот договор
-
Тројца министри за здравство стануваат пратеници