Нови технологии во транспортот за зголемување на безбедноста
Сообраќајот и транспортот денеска се соочуваат со големи проблеми, а токму во правец на нивно решавање на Техничкиот факултет во Битола се организира втората Меѓународна конференција „Транспортот во денешното општество“. Целта е на стручeн и научен начин да се пристапи кон нивно решавање, но и нудење решенија.
-Сообраќајот ја нарушува животната средина, условите за живот стануваат се потершки во гоелмите градови. Од една страна сообраќајот како дејност го олеснува стилот на живеење, но има и свои нус-појави, негативни влијанија, изјави проф.д-р Марија Маленковска Тодорова, претседател на организациски одбор на конференцијата.
-Иницијативата за реализација на конференцијата „Транспортот во денешното општество“ ја потврдува нашата подготвеност да се соочиме со предизвиците во развојот на транспортот, изјави проф. Д-р Стојанче Нусев, декан на Технички факултет Битола.
На конференцијата главна тема ќе биде и воведувањето на нови технологии во безбедноста во сообраќајот и инфраструктурата.
-Внесувањето на новите технологии нешто што го правиме во Македонија, како што е примерот на контролниот центар во Неготино кој што значи управување на тунелите, исто така поставувањето на лектронската патарина во Романовце, интелигентниот транспортен систем кој што се подготвува во Македонија кој ќе значи зголемување на безбедноста во сообраќајот, изјави министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески.
Пристигнаа 70 трудови кои треба да понудат решавање на проблемите во сообраќајот.
-Кои што ќе дадат и тоа како придонес за транспортниот систем во Македонија, а кој особено ние значаен во југозападниот регион, изјави Наташа Петровска, градоначалник на Битола.
Министерството за транспорт и врски и Општина Битола се покровители на конференцијата, а девет високообразовни институции од државата, регионот и Европа се коорганизатори заедно со битолскиот Технички факултет.
Ново на Сител
-
Маж со автомобил прегазил жена во Чаир
-
Украдени документи и компјутери од Управата за матични книги во Прилеп
-
Струмица: „Фиат“ удрил во електричен тротинет, повредено едно лице
-
Приведен бегалец од затвор баран со потерница
-
Почина пациентот на кој за прв пат во светот му беше трансплантиран бубрег од свиња
-
Македонија оди на сè или ништо против Фарски Острови
-
Трговски центар во Варшава со 1.400 продавници изгоре во пожар | ВИДЕО
-
Укината пресудата за пожарот во модуларната болница во Тетово: Директорите на ново судење, докторот Вучевски на слобода