Нови 23 случаи со Ковид-19 вчера во Косово, вкупно 250 заразени и 52 излекувани
Институтот за јавно здравство на Косово (ИШПК) информира дека во текот на вчерашниот ден се потврдени нови 23 случаи на заразени од новиот коронавирус, со што официјалната бројка на носители на Ковид-19 во земјата достигна до 250.
Од новозаразените, 18 лица се од општина Урошевац, двајца од Витина и по еден од Генерал Јанковиќ, од Призрен и од Приштина.
Во лабораторијата на Институтот вчера се испитани примероците на 189 лица за кои постоело сомневање дека се можни носители на вирусот, а вкупната бројка на тестирани од 8 февруари, заклучно со вчерашниот ден, изнесува 2.876.
Во синоќешниот извештај на ИШПК се наведува дека во петокот се потврдени 14 случаи на излекувани од Ковид-19, со што вкупната бројка на лица кои ја пребродиле заразата достигна до 52.
Вчера не е регистриран ниту еден нов смртен случај, така што официјалната бројка на жртви на заразата во Косово и натаму е седум.
Ново на Сител
-
ДИК се уште го брои прегласувањето - дали ДУИ загуби еден пратеник?
-
Вреди освои пратеник плус
-
Расте просечната плата
-
Ковачевски се повлече од претседателското место во СДСМ
-
Заврши прегласувањето
-
Заврши прегласувањето на 7 избирачки места - Ќе изгуби ли ДУИ две пратенички места?
-
Тема на денот со Александар Кржаловски
-
30 години Дански конзулат во Македонија, ново признание за Живко Мукаетов