Skip to main content
  • Facebook
  • Twitter
  • instagram
  • YouTube
  • RSS
  • Вести
  • Видео
  • ТВ Програма
  • Маркетинг
  • Контакт
Насловна
  • Насловна
  • Македонија
  • Балкан
  • Свет
  • Бизнис
  • Спорт
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Ф1
    • Спорт плус
  • Занимливости
    • Живот
    • Џет-Сет
    • Технологија
    • Интернет
    • Здравје
    • Бизарно но вистинито
Свет
4. September 2019 - 18:23

Новата влада на Италија утре ќе положи заклетва

Tweet

Италијанскиот премиер Џузепе Конте формираше нова влада, коалиција меѓу Движењето 5 ѕвезди и Демократската партија од левиот центар, која утре во 10 часот ќе положи заклетва, соопшти денеска Претседателската палата.

Шест дена откако италијанскиот претседател Серџо Матерла му го довери мандатот на Конте да формира нова коалиција, тој денеска го извести шефот на државата дека успеал да го стори тоа.

Конте ги претстави членовите на својот нов кабинет во кој проевропеецот и европратеник на Демократската партија Роберто Гвалтиери ќе ја заземе функцијата министер за економија и финансии. Лидерот на Движењето 5 ѕвезди, Луиџи ди Мајо ќе биде иден шеф на дипломатијата, додека нова министерка за внатрешни работи е Лучана Ламоргесе. Министерството за одбрана му е доверено на уште еден истакнат член на Демократската партија, Лоренцо Герини.

Церемонијата на инаугурација на новата влада ќе се одржи утре во 10 часот во палатата Квиринале, седиште на италијанскиот претседател.

Во новата влада нема претставници од партијата Лига на десничарскиот лидер Матео Салвини, кои беа во претходната коалиција.

Првата 14-месечна влада на Конте се распадна минатиот месец кога Салвини ја повлече својата антиимигранска партија Лига од коалицијата во неуспешниот обид да издејствува предвремени избори за да стане премиер.

 
 

 

Tweet

Свет

  • За десет месеци албанската полиција уништила над 200 илјади стебла марихуана

  • Преглед на вестите од светот

  • Продолжуваат ноќните меѓусебни напади помеѓу Украина и Русија

Популарно од Свет

  • Најчитани
  • Најсподелувани
  • Захарова: Ако нѐ нападне НАТО, Русија ќе одговори...

    15.11.2025
  • Јапонија ја повика Кина да преземе „соодветни...

    15.11.2025
  • Трамп најверојатно ќе бара Би-би-си да му исплати...

    15.11.2025
  • Продолжуваат ноќните меѓусебни напади помеѓу...

    15.11.2025
TV Sitel / ТВ Сител

Ново на Сител

  • Најнови вести
  • Најнови видеа
  • За десет месеци албанската полиција уништила над 200 илјади стебла марихуана

  • Казахстан ремизираше со Белгија, македонската репрезентација има теоретски шанси за директен пласман на СП

  • Support Kocani ја реализира четвртата пратка компресивна облека

  • Собраниската комисиска расправа за Предлог-буџетот продолжува в понеделник

  • Судството во 2025 г. имало за 6 милиони евра поголеми плати, тие бараат уште плус 22 милиони евра повеќе

  • На две различни локации во водите на Охридско езеро пронајдени се четири неексплодирани експлозивни направи

  • Продолжуваат ноќните меѓусебни напади помеѓу Украина и Русија

  • 55-годишник при извршување земјоделски работи во Нов Дојран пронашол три експлозивни направи

  • Повеќе вести
  • Насловна
  • Македонија
  • Балкан
  • Свет
  • Бизнис
  • Спорт
  • Занимливости
© 2025 Сител Телевизија