Нова рунда разговори за името на 17 јануари во Њујорк
Новата рунда разговори за решавање на спорот за името ќе се одржи на 17 јануари во Њујорк, потврдија од МНР за МИА.
Предвидено е медијаторот на ОН Метју Нимиц да се сретне со преговарачите од Македонија и од Грција, Васко Наумовски и Адамантиос Василакис.
Последната рунда разговори за името, по тригодишен застој, се одржа во Брисел на 11-ти и 12-ти минатиот месец.
Тогаш беше најавено дека медијаторот Нимиц секој месец ќе одржува средби со преговарачите, со цел да се најде решение.
Новата рунда разговори доаѓа во период на интензивирани активности и оптимизам во Скопје, Атина, Брисел и Вашингтон, за конечно затворање на дводеценискиот спор за името.
Премиерите на Македонија и на Грција, Зоран Заев и Алексис Ципрас, во изминатите денови изјавија дека постојат можности да се најде решение за спорот во првата половина на 2018 година.
Ново на Сител
-
Бангладеш: Во удари од гром загинаа 74 луѓе за 38 дена
-
Рама в недела ќе одржи собир во Атина
-
Протести во Малме против учеството на израелскиот претставник на Евровизија
-
Турција ја одложи забраната за трговија со Израел
-
Гостиварчанец измамен за 1.500 евра - сторителот е приведен
-
Скопјанка прскала со вода по луѓе кои правеле врева - ја нападнале со лименки
-
СЗО: Преминот Рафа блокиран, нема гориво и медицински материјали
-
Аглер со честитка до Силјановска Давкова: Историски избор на прва жена претседател на Северна Македонија