Нов Зеланд ќе ја забрани продажбата на цигари за идните генерации
Лицата кои ќе бидат помлади до 14 години во 2027 година никогаш нема да можат да купат цигари во Нов Зеланд.
Ова е дел од предлогот откриен денеска, а со цел да се намали бројот на продавачи на цигари и да се намали никотинот во сите производи.
Забраната ќе остане до крајот на животот на овие луѓе, што значи дека лицата кои во 2073 година ќе имаат 60 години нема да можат децении претходно да купат цигари, пренесува Ројтерс.
-Сакаме да се осигураме младите никогаш да не почнат да пушат, со ова ќе се смета за прекршок продажбата или набавкаа на производи од никотин за наредните генерации, изјавила помошник министерката за здравство, Ајеша Верал.
Во моментов 11,6 проценти од сите жители на Нов Зеланд постари од 15 години пушат, додека овој процент кај староседелците е 29 отсто, покажале владините податоци.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Димитар Ковачевски, претседател на СДСМ
-
Годишнина од заседата кај Ваксинце
-
Христијаните го празнуваат Велики петок
-
Обичаи и верувања за Велики петок
-
Дали и кој ќе им ги врати парите на граѓаните кои платија поскапо осигурување за регистрација на возилата?
-
Дали Токсикологија е одраз на функционирањето на здравствениот систем?
-
Македонија на 36-то место на индексот за слобода на медиумите за 2024 година на „Репортери без граница“
-
Тивок бојкот или уште поголема излезност? Мицкоски уверува дека цензусот за Силјановска е обезбеден