Нов смарт уред-прстен што ги помни Вашите лозинки
Во еден „паметен" прстен може да зачувате информации за вашите кредитни картички, кориснички имиња, лозинки за интернет страници, но и биометриските податоци.
Идејата за биометриски прстен не е нова. Сепак, досега не се омасови, бидејќи компаниите што претходно претставија таков уред, не најдоа заеднички јазик со големите компании како што се „Мастеркард“, „Виса“ или „Мајкрософт“.
Најновата иновација е на компанијата ХИД, што може да се користии за разни функции - побрзо вклучување компјутер, отворање врати, стратување на мотори на автомобили, па дури и плаќање без кредитна картичка. ХИД е компанија одговорна за 80 отсто од т.н. сигурносни системи „без клуч“.
Прстенот може да го потврдува идентитетот на корисникот со помош на скенер за отпечатоци, што се наоѓа на внатрешната страна. Водоотпорен е и работи на безжично полнење, а батеријата трае до три седмици.
По договорот со „Мастеркард“, прстенот веќе може да се користи при плаќање во американските продавници.
Цената на еден обичен ваков прстен е 249 долари, а на оние полуксузните, позлатени и украсени - 299 долари.
Ново на Сител
-
Едно лице загина во невремето што попладнево ја погоди Србија
-
Осуденик од затворот во Идризово ноќеска починал на Комплекс клиники „Мајка Тереза“
-
Тони Крос стави крај на кариерата
-
МЗ: Хируршките сали во Клиничкиот центар се враќаат во употреба
-
ЦУК: Околу Качаничка Клисура и Скопска Црна Гора значително нестабилна облачна маса
-
Во Кочани измамена 75-годишна жена за сума од околу 4.000 евра
-
Определен 30-дневен притвор за врховниот судија Наке Георгиев
-
Драма на автобуска постојка во Центар: Неколку лица претепале и ограбиле четири малолетници