Кривична за лицето што постави импровизирана експлозивна направа во Собранието на 27 април
Поднесена е кривична пријава против Ј.Л. (41) од Скопје кој на 27 април, за време на насилните настани во Собранието поставил импровизирана експлозивна направа - петарда и боца со компримиран бутан гас залетени со селотејп, како и уште едно парче петарда.
Ј.Л. околу 19 часот заедно со толпата влегол во Собранието на Република Македонија. Околу 20:40 часот заедно со околу 20 лица се качил на првиот кат по што сам влегол во две канцеларии меѓусебно поврзани и под работно биро ја поставил импровизираната експлозивна направа, а потоа заминал.
Петардата и импровизираната експлозивна направа ги забележал вработен во Собранието на подот, при расчистувањето на 2 мај 2017 година околу 8:25 часот, по што, мислејќи дека се факел, заедно со колега ги однел и ги оставил до кофите за смет во ходникот. Истиот ден околу 17 часот вработен како обезбедување во Собранието, при обиколка во објектот, ја забележал импровизираната експлозивна направа и телефонски пријавил во СВР Скопје.
СВР Скопје до Основното јавно обвинителство достави и две Известувања, едното за преземени мерки и активности во врска со Наредба за утврдење на целосни лични податоци за вкупно седум лица - пратеници во Собранието на Република Македонија, а другото е Известување за досегашни преземени мерки и дејствија.
Ново на Сител
-
Се чека одговорот на членовите на Судскиот совет
-
Еуроактив: Бугарија нема да попушти
-
Муцунски во посета на Австралија
-
СДСМ: Мицкоски потрошил 60.000 евра на социјални мрежи
-
Малолетниците кои кршат по паркови ќе работат општокорисна работа
-
54-годишен маж од Делчево загина при излетување од коловозот со мопед
-
Мртво бебе пронајдено во корпа за отпадоци во Подгорица, мајката е уапсена
-
ГОБ „8 Септември“ треба да остане добар „бекап“ за клинички центар, вели Таравари