Порака на поглаварот на ИВЗ по повод почетокот на месецот Рамазан
Поглаварот на Исламската верска заедница Реис ул Улема Х. Сулејман еф. Реџепи упати порака до верниците од исламска вероисповест по повод почетокот на светиот месец Рамазан.
- O верници! Пропишан ви е постот како што им беше пропишан и на оние пред вас, за да бидете богобојазливи. (Ел Бекаре - 183). Драги и почитувани верници, Месецот Рамазан е посебен месец, месец што Алах џ.ш. го издвоил. Го издвоил и го обележал со многу свети и важни случувања, со збиднувања што овозможиле човештвото да биде просветлено, да го доживее вистинскиот мир и благосостојбата, да ја почувствува среќата, да ја постигне милоста и задоволството на нашиот Творец. Без сомнение, тоа задоволство ќе биде достигнато кога пред Семоќниот Алах ќе бидеме искрени во однос на неговите заповеди, сакани и добри во однос кон неговите суштества, хумани кон сиромашните и немоќните, кон несреќните деца што растат без родители. Со сета душа го молам Алах џ.ш. овој месец да го дочекаме духовно што по подготвени , исполнети со верба и со воља за извршување на нашите ибадети и верски должности. Нека ви е среќен и бериќетен светиот месец Рамазан, да ви биде исполнет секој ден со среќа, со пост и ибадети, убавините и задоволството на Рамазан нека ве следат низ целиот ваш живот, вели Реџепи во пораката по повод почетокот на светиот месец Рамазан.
Ново на Сител
-
До недела топло, утре и задутре развој на нестабилна облачност со локален пороен дожд и грмежи
-
На аеродром во Индија пронајдени 48 отровни змии и пет желки во куфер
-
Турција: Парична казна од 12.000 евра за кинење на загрозен вид цвеќе
-
Диносаурусите можеби имаат одговор за ракот, според британски научници
-
Зеленски: Путин чувствува неказнивост
-
Обвинителниот акт за случајот „Онкологија“ одобрен во целост
-
Трамп побарал Белата куќа да истражи дали сојузниците на Бајден ги прикривале неговите наводни ментални проблеми
-
ДСЗИ: Во тек инспекциски надзори во три здравствени установи во врска со починатото тригодишно дете од Кавадарци