Опсесија на Западот со самиот себе
Ал Џезира - Доха
Од идејата на колумнистот на Њујорк Тајмс, Дејвид Брукс, до пратеникот Стив Кинг и неговите идеи, присутно е се поинтензивното чувство меѓу многу луѓе дека вредностите на западот, па дури и западната цивилизација се во смртна опасност. Таканаречените исламски терористи се крајна закана.
Но, закана претставува и образованието во кое секој аспект од западната цивилизација се третира како светост. Арапските муслимани, доселеници од Латинска Америка и африканските мигранти служат како марионети за економската несигурност и расната загриженост кои потекнуваат од глобализацијата и финансиската криза од 2008-2009 година. Таа несигурност ја објаснува загриженоста од можен пад на западната цивилизација пред антизападните учења и демографските промени во САД и во Европа.
Сето ова е дел од поголема тема, опсесија на Западот себе да се доживува за врв на се што го постигнало човештвото. Но, да не се залажуваме. Белиот и европски популистички национализам од секогаш е дел од модерната западњачка политичка мисла. Сега кога Велика Британија изгласа излез од ЕУ, а Доналд Трамп победи на изборите во 2016 година, овие групи, заговорници на доминантна раса, станаа целосен меинстрим, како што беа во 1930-тите.
Цивилизациски проблеми
Брукс минатиот месец во својата колумна „Криза на западната цивилизација” напиша: „Уште пред неколку децении многу луѓе, посебно на универзитетите, изгубија верба во наративнот на западната цивилизација... Сега многу студенти, ако на наидат на него, учат дека западната цивилизација е историја на угнетување”.
Кинг во март објави на Твитер: „Вајлдерс сфаќа дека културата и демографијата се наша судбина. Ние не можеме да ја зајакнеме својата цивилизација со туѓи бебиња”. Колумната на Брукс е лош одговор на подемот на моќниците во геополитиката, вклучувајќи го претседателот Доналд Трамп, Владимир Путин во Русија и Реџеп Тајип Ердоган во Турција, како и на можноста за подем на другите, како што е Марин Ле Пен во Франција.
Кинговата злобна изјава на Твитер беше индиректен одговор на холандскиот политичар десничарот Герт Вајлдерс, кој повеќе пати повика на „деисламизација” на Холандија, вклучувајќи запирање на муслиманската имиграција, забрана на Куранот и затворање на сите џамии. И Брукс и Кинг сметаат дека САД и Западот се под опсада на незападњачки вредности и демографски промени кои ќе ја намалат европската или всушност доминацијата на белите луѓе во САД и во Европа.
Американците всушност се опседнати со идејата дека САД се број еден, како и постојаното истакнување на американските значаи и патриотизмот. Но, тоа е спротивно од тоа во кое верува Брукс во врска со учењето за западната цивилизација на ниво на средните училишта и колеџите, каде професорите ја намалиле големината и значењето на Западот. Овие предмети, ако ништо друго, го јакнат стереотипот дека Западот всушност е добар за светот.
„По првпат предавав историја на светот на Универзитетот Карнеги Мелон во 1994 година, а професорот за кој работев беше Петер Стернс. Тој заедно со Џери Бентли и Херберт Зиеглер ја воведе историјата на светот како предмет во многу средни училишта и колеџи во САД во 1980-тите години. Во текот на тој период барем прашањето за силните западњачки предрасуди остана големо прашање меѓу професорите. Во делот кој јас го предавав се задржавме една недела на класичната Индија и Кина (приближно период меѓу 500 п.н.е. и 500 н.е.) дискутирајќи за улогата на жената во патријахалните општества. По дискусијата за хиндуистичката поезија еден од моите студенти напиша во есеј: „Кинескињите не го сакале патријахатот, но Индијките биле срамежливи”.
Прозападна пристрасност
Ова беше личен пример на тоа што почнав да го нарекувам „светски стереотипи” – брзи, нечисти и евроцентнични начини на кои наставниците во средното училиште и професорите на колеџите предаваат историја на светот. Тоа е идеја дека западната цивилизација автоматски е подобра и дека „другите незападњаци” можат добро да се вклопат во постоечките стереотипи. Тоа значи дека предметите како што е историја на светот често служат како алати кои репродуцираат силна прозападњачка пристрасност и ги јакнат расните, етнички, верски и родови предрасуди.
Во изминатите неколку години голем број на училишни групи не прифаќале дури ни најмали измени во планот и програмата за предметот „Историја” во кои се разгледувала идејата за западната цивилизација како нешто друго освен позитивна сила за светот.
Не прифаќале ни во Округот Џеферсон, каде во училишниот одбор во Колорадо еден член на одборот инсистирал дека новиот напреден план и програмата за американската историја треба да „ги претставува само позитивните аспекти на САД и нивното наследство”. Еден училишен одбор од Тексас исто така се нашол во оваа дебата. Тие предложиле учебник кој сугерира дека Американците со мексиканско потекло „усвоиле револуционерен наратив кој се противел на западната цивилизација и дека сакале да го уништат ова општество”.
Во Тенеси одборот на едно државно училиште предизвикал негодување во септември во 2016 година, кога исламската историја и култура ја исфрлил од својот план и програма за општествените науки за седмо одделение поради страв од верска „индоктринација”.
Нема ништо лошо во учење за историјата на западната цивилизација. Проблемот е во тоа што милиони луѓе сакаат светот да ја види западната цивилизација како неприкосновена.
Проблемот е што западната цивилизација не би постоела без значајните придонеси на разни народи и други цивилизации од целиот свет. Проблем е и во тоа што и западната цивилизација нанела големи штети на светот. Ропството, глобалната војна и климатските промени во еднаква мера се наследство од западната цивилизација и САД, како што се тоа индустријализацијата, феминизмот и парламентарните демократии.
Белите Американци и Европејците треба да ја разберат целокупната слика на западната цивилизација. Белата историја и поголемиот број европски бебиња дефинитивно нема Америка и Западот повторно да ги направат големи.
Ново на Сител
-
Рано утринава се запали возило „фолксваген пасат“ на подрачјето на Бит Пазар
-
Телото на папата утре ќе биде преместено во базиликата Свети Петар
-
ТАВ Македонија доби сертификат Great Place To Work
-
РКЕ: Не се менуваат цените на бензините и на дизелот
-
ДУИ: Додека се караат во ВРЕДИ институциите ја деградираат употребата на албанскиот јазик
-
ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ ги брани бугарските позиции
-
ДЗР: Серија неправилности во бирото за развој на образованието
-
Следните денови променливо облачно и нестабилно време