-->
-->
Финале во двојки за Ѓорческа, Јотовски пак елиминиран во второто коло
-->

Македонската тенисерка Лина Ѓорческа успеа да се пласира во финалето на фјучрсот во Подгорица (награден фонд 25.000 долари) откако со Мелис Сезер од Турција ги победија сестрите Дениза и Диана Марцинкевица од Летонија со 6-2 и 6-0 во гемови.
Утре во финалето тие ќе играат против домашните тенисерки Николета Булатовиќ и Нина Калезиќ.
За разлика од неа Томислав Јотовски не ја мина втортата пречка на фјучрсот во Ниш (награден фонд 10.000 долари). Тој повторно е елиминиран во 2.коло, а денеска загуби од Лука Илиќ од Србија со 7-6 (9-7) и 6-1 во гемови. Јотовски шансата за победа ја испушти во првиот сет кога имаше четири брејк топки, а искористи само една.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Maкрон за најавата на Трамп за царини од 15 проценти: Ќе ги проучиме последиците, што може да се направи и ќе се прилагодиме
-

ФФМ најостро ги демантира објавените лаги и манипулации на новинарот Фуркан Салиу
-

Кривична пријава против три лица од Р. Судан кои нападнаа 27-годишник од Скопје
-

Трамп објави дека ги зголемува глобалните царини на 15 проценти
-

Поднесено обвинение против 21-годишник од Свети Николе: Jа тепал бремената девојка и ја заклучил во соба 15 часа
-

ЗОИ2026: Злато за Франција во скијачко планинарење
-

Жител на Франгово управувал автомобил без возачка, возилото е одземано
-

39-годишен маж киднапиран во тетовско, три лица приведени
