Принцот Хари прв пат отворено зборува за проблемите поради смртта на неговата мајка

Принцот Хари ја прекина кралската традиција на молчење за приватните проблеми, говорејќи за тешките емоционални тешкотии, со кои се соочил по смртта на неговата мајка, принцезата Дајана.
Во денешното интервју за весникот „Дејли телеграф“ 32-годишниот принц изјави дека за малку не претрпел целосен психички пад откако во 1997 година неговата мајка загина во автомобилска несреќа поради што во доцните 20-ти години морал да оди на психотерапија.
Тој изјави дека „ги исклучил своите емоции“ на речиси 20 години и дека бил „близу нервен слом во голем број ситуации“.
Тој го опиша долгиот, болен процес на одбивање да се соочи со загубата, што го заврпшил дури во доцните 20-ти години кога побарал професионална помош, за да се избори со притисоците и незадоволството.
- Мојот начин на соочување со тоа беше ствање на главата во песок, одбивање некогаш да мислам на мајката, бидејќи зошто тоа би помогнало, рече принцот говорејќи за тинејџерските и 20-те години.
- Долгото потиснување на тагата со текот на времето доведе до две години целосен хаос, додаде тој.
Принцот, како што вели, се преправал дека неговиот живот е одличен додека не почнал со психотерапија и се соочил со проблемите.
- Однеднаш почна да испливува целата тага, која никогапш не сум ја изразил и тогаш сфатив дека всушност постојат многу работи со кои би требало да се соочам, рече принцот.
Тој заедно со неговиот брат принцот Вилијам и неговата снаа војвотката од Кембриџ работел со установите, кои промовираат ментално здравје.
Тие се залагаат за тоа дека проблемите со менталното здравје мораат да имаат ист приоритет, како и другит здравствени заболувања и оти за нив треба да се зборува отворено, без стигматизација.
Ново на Сител
-

Стан во Белград продаден за вртоглави 2,6 милиони евра, за еден квадрат платени 12.000 евра
-

Мерц: ЦДУ е потресена до срж од победата на АфД
-

Русија го затвора германскиот конзулат во Санкт Петербург
-

Србија на чекор до избори; Студентите со порака до Вучиќ - Претседателе, конечно си надлежен
-

Министерот за надворешни работи на БиХ го повлекува персоналот од амбасадата во Белград, најави намалување на односите со Србија на минимум
-

Во Албанија само во август 159 сообраќајни несреќи со 22 жртви, изречени над 47 илјади казни
-

ПМФЛ: Четврта победа на Струга на домашен терен без примен гол
-

Македонските фудбалери против Швајцарија стартуваат во ЛН
