Анкета: Над половина Турци ќе гласаат со „да“ на референдумот во недела

Резултатите од две анкети покажуваат дека за претстојниот референдум во Турција за воведување на претседателски систем, што ќе се одржи в недела, мала предност имаат позитивните гласови.
Гласачите во Турција ќе можат да го искористат нивното право на глас на 16 април, додека гласањето надвор од земјата почна кон крајот на март и заврши во неделата.
Податоците од истражувањето на социолошката агенција „АНАР“ покажуваат дека 52 отсто од Турците ќе гласаат со „да“, додека осум проценти се уште немаат одлучено. Анкетата била спроведена на 4.000 лица во 26 турски окрузи во периодот од 5 до 10 април.
Според податоците на агенцијата „Консенсус“, 51,1 процент од Турците ќе го поддржат воведувањето на претседателски систем во земјата. Анкетата е спроведена на 2.000 лица во 41 турски округ.
Ново на Сител
-

Најстудено утрово на Попова Шапка, 6 степени во Гевгелија
-

Автомобил удри во група пешаци во Англија, има тешко повредени
-

Над 40 тони необележени јајца од Србија уништени на Дрисла
-

Пораз, но вредно искуство за Лука Кипровски
-

Посебен сообраќаен режим во Скопје поради 5. издание на трката „Водно 10К"
-

Јемен по втор пат го нападна Израел со ракети
-

Иран се закани дека ќе ги нападне израелските и американските универзитети
-

Во Србија се одржуваат избори во 10 локални самоуправи
