Асад: Сирија и Северна Кореја заеднички против големите сили

Сирискиот претседател Башар ал Асад му порача во честитката на лидерот на Северна Кореја Ким Џонг-ун, по повод 105-годишнината од раѓањето на основачот на земјата Ким Ил-сунг, дека двете земји водат заедничка борба против доминацијата на големите сили.
- Како две пријателски земји ја славиме оваа годишнина и во истовреме водиме војна против „нездравите“ амбиции на големите сили за сите земји да ги подлажат со нивните експанзионистички и хегемонистички политики, стои во писмото на Асад.
Наведувајќи дека Дамаск и Пјонгјанг се борат за свое право на самоопределување, национален суверенитет и безбедност, Асад изрази уверување дека односите меѓу двете земји ќе се интензивираат во согласност со интересите на двата народи, јави ТАСС.
Асад испрати уште едно писмо во кое му честита на Ким Џонг-ун за петтата годишнина од неговото стапување на должност како претседател на Северна Кореја, нагласувајќи дека тоа ја потврдува довербата на лидерството и народот.
Ново на Сител
-

Фицо: Постои растечка недоверба во ЕУ поради Украина
-

Орбан: Зеленски мора да знае дека може само да изгуби со напад врз Унгарија
-

САД на полноќ ќе престанат да ги наплаќаат царините кои Врховниот суд ги укина во петокот
-

Јавна дебата на УКИМ за предлог-законот за високо образование
-

Ниски утрински температури, преку ден сончево со температури до 16 степени
-

Поради зимска бура затворени училишта на североистокот на САД, откажани илјадници летови
-

Уапсен Артан Груби | ВИДЕО
-

Леброн Џејмс прв играч во историјата на НБА кој достигна 43.000 поени
