-->
-->
Победи на МЗТ Скопје и Кожув
-->
И по шест одиграни натпревари во Супер лигата, актуелниот шампион во домашното првенство МЗТ Скопје Аеродом не знае за пораз.
Аеродромци шестата победа ја остварија на гостувањето во Кавадарци совладувајќи го Фени Индустри со 77-61.
Четворица кошаркари кај МЗТ Скопје средбата ја завршија со двоцифрен број на поени и тоа: МЗТ Скопје Аеродром: Мијатовиќ беше јаефикасен со 21, два повеќе од Дреновац, додека Клоф прдодате 13, а Ѓуроски беше стрелец на 12 поени.
Во редовите на Фени Индустри: Пантиќ беше најефикасен со 15 поени, капитенот Кирил Николовски имаше дабл-дабл улинок со 12 поени и 10 скокови, додека резервистот Стајиќ покрај 12 поени имаше и 3 скокови и 2 асистенции.
Во Гевгелија, Кожув беше подобар од Куманово со 86-78 (по четвртини 18-17, 27-18, 23-17, 18-26.
Миливоје Мијовиќ со 23 поени, Кенион Мекнил и Ивица Димчевски кои постигнаа по 16 поени беа ударното трио на Кожув, додека на Куманово иако имаше дури петмина кошаркари со двоцифрен број на поени, (Радослав Пековиќ 16 и Никола Караколев 15), сепак тоа не беше доволно да се избегне и петиот пораз во Супер лигата.
Во последниот меч од 6.коло кој на програмата е денеска од 18 часот во салата „Градски парк“ ќе играат Работнички и Карпош Соколи.
Табела: МЗТ Скопје Аеродром 12 бода, Карпош Соколи 9, Работнички 8, Кожув 8, Куманово 7, Фени Индустри 7.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Автобусите на ЈСП - Скопје сообраќаат по неделен возен ред
-
Сончево со мала до умерена облачност
-
Трамп најави средби со европски лидери за Украина и нов разговор со Путин
-
Нови прoтести на студентите во блокaдa зaкaжани за денеска во Белград и во Нови Сад
-
Евробаскет 2025: Селекторот на Италија поднесе оставка
-
Алкараз шампион на УС опен и нов број 1 на светот
-
Директорот на српската полиција: Над 126.000 луѓе присуствуваа на 111 собири против блокадите
-
Во Неготино поставени телескопи преку кои се набљудува затемнувањето на Месечината